Контакт

Спорт

Химната на Шалке 04 ги разбесни муслиманите

Објавено пред

Муслиманите во Германија го критикуваа фудбалскиот клуб Шалке 04 за поддржување на химната која го навредува пророкот Мухамед.

Германскит клуб Шалке 04 неодамна доби мејлови и пораки полни со омраза од муслимани кои бараат тртиот стих од химната да се смени. Стихот на химната на Шалке гласи: Мухамед беше пророк кој не се разбираше во фудбал, но од сите убави бои тој ги одбра сина и бела. (боите на клубот се сина и бела). Муслиманите се бесни на челниците на клубот и бараат химната насловена „Сино и плаво колку ве сакам, да се смени“. Химната постои од 1924 година и од тогаш таа е пеена од навивачите на секој натпревар. „Песната е многу стара. Двете страни треба да седнат и да го дискутираат овој проблем, бидејѓи сите сме сензитивни луѓе“ изјави поранешниот менаџер на клубот Руди Азауер. Во Германија има околу еден милион муслимани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јунајтед го пропушти крајниот рок за Санчо, сега се фокусира на Даглас Коста

Објавено пред

Манчестер јунајтед е заинтересиран да го добије крилото на Јувентус, Даглас Коста, откако го пропушти крајниот рок што го постави Борусија Дортмунд за трансферот на Џејдон Санчо, тврдат англиските и италијанските медиуми.

Дортмунд му постави на Јунајтед краен рок до денеска да плати 120 милиони евра и да го добие младиот Англичанец и германскиот клуб замина на тренинг-камп во Швајцарија со Санчо во тимот.

„Ѓаволите“ не сакаа да ја платат оваа сума и не го убедија Дортмунд да ја намали цената и според „Тутоспорт“, веќе имало контакти со Јувентус за трансферот на Бразилецот Даглас Коста, кој не се наигра под Маврицио Сари стартувајќи само во шест меча во Серија А.

По именувањето на Андреа Пирло како тренер, се очекува да има чистка меѓу фудбалерите на „старата дама“ и Јунајтед е фаворит за потписот на 29-годишниот Коста. Бразилецот дојде во Јувентус од Баерн Минхен во 2017 првично на заем, а потоа со постојан договор вреден 35 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Греневеген низ солзи се извини што го смести сонародникот во кома

Објавено пред

Холандскиот велосипедист Дилан Греневеген низ солзи се извини за предизвикувањето на судирот на првата етапа на трката околу Полска минатата недела по која неговиот сонародник Фабио Јакобсен заврши во кома.

Греневеген (Џамбо-Висма) доби дисквалификација од трката, а УЦИ и неговиот тим го осудија за опасното однесување кога тој го турна Јакобсен во рекламните паноа на финишот на етапата предизвикувајќи еден од најлошите велосипедски судири во историјата.

„Тоа што се случи беше ужасно. Не можам да најдам зборови да опишам колку ми е жал за Фабио и за другите што се судрија. Најважно во моментот е здравјето на Фабио и мислам на него цело време“, изјави низ солзи Греневеген.

Греневеген е велосипедски кретен – и тоа не му е првпат! (видео)

Прикажи повеќе...

Спорт

Камбекот на Мајк Тајсон одложен за ноември

Објавено пред

Егзибицискиот меч во осум рунди помеѓу двајцата поранешни шампиони во тешка категорија, Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор е одложен од 12 септември за 28 ноември, јавуваат повеќе американски извори.

Причината за ова одложување е што тимот на Тајсон очекувал поголема заработувачка ако мечот се оддржи подоцна, а тимот на Џонс се согласил. Мечот ќе се оддржи без публика во „Дигнити хелт спортс парк“ во Карсон, Калифорнија.

За 54-годишниот Тајсон ова ќе биде прво влегување во рингот по повлекувањето од боксот во 2005 година, а „Челичниот“ претходно доби неколку понуди тешки милиони долари, вклучувајќи и од својот стар ривал Ивандер Холифилд. Се очекува ова да е само прв од неколкуте мечеви на Тајсон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат...

Свет2 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија2 часа

Министерот Адеми се излечи од коронавирус

Министерот за образование, Арбер Адеми соопшти дека се излечил од ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со COVID-19! По две негативни последователни...

Свет3 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Македонија3 часа

Денеска ќе се одлучува за почетокот на учебната година

Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука денеска ќе одлучуваат како ќе почне учебната година од септември...

Регион4 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија4 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Според податоците, најмногу...

Свет15 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија15 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија16 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион19 часа

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија20 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет20 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион22 часа

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија24 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет1 ден

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија1 ден

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет1 ден

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет1 ден

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет1 ден

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Досие