Спорт
Шест фудбалери на Барселона номинирани за Златна топка

Шест фудбалери од европскиот шампион Барселона се номинирани за наградата „Златна топка“ а нема ниту еден фудбалер од светскиот шампион репрезентацијата на Италија.
Фудбалерите на Барселона, Лионел Меси, Чави Ернандез, Тиери Анри, Андрес Иниеста, Јаја Туре и Златан Ибрахимовиќ се номинирани за наградата „Златна топка“. За победникот на оваа награда одлучуваат спортските новинари преку анкета на магазинот Франс фудбал. Победникот за оваа награда ќе биде објавен на 1 декемрви.Останатите номинирани фудбалери се: Андреј Аршавин (Арсенал), Карим Бензема (Реал Мадрид), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Диего (Јувентус), Дидие Дрогба (Челзи), Един Џеко (Волфсбург), Самуел Ето (Интер), Цеск Фабрегас (Арсенал), Фернандо Торес (Ливерпул), Диего Форлан (Атлетико Мадрид), Стивен Џерард (ливерпул) Рајан Гигс (Манчестер Јунајтед), Јохан Гоуркуф (Бордо), Хулио Цезар (Интер), Кака (Реал Мадрид), Франк Лампард (Челзи), Маикон (Интер), Луис Фабијано (Севилја), Франк Рибери (Баерн Минхен), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Џон Тери ( Челзи), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Давид Виља (Валенсија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се вклучува во трката за потписот на Нико Вилијамс

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа.
Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн.
Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата на нации.
Олеснителна околност за Баерн треба да биде откупната клаузула за Вилијамс, која не е поголема од 60 милиони евра, што за гигант како клубот од Минхен не би требало да биде проблем.
Овој крилен напаѓач одигра 29 натпревари за Атлетик Билабо минатата сезона, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Спорт
Интер подготвиле договор за Киву

Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми.
Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро.
Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер.
Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој гзамина по дебаклот во финалето на Лигата на шампионите и го презеде тимот на Ал Хилал.
Досега, Киву работеше како тренер само во младинските категории на Интер, а оваа сезона го водеше првиот тим на Парма, успеа да избори опстанок во Серија А.
Киву, играч доби „кредит“ беше дел од најславните моменти на клубот. Играше за Интер од 2007 до 2014 година, а во сезоната 2009/10 ја освои тројната круна, што е најдобрата сезона во историјата на клубот.
Спорт
Габриел го продолжи договорот

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година.
Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола.
„Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и среќен сум што го продолжувам. Се надевам дека ќе освојувам трофеи со овој клуб, бидејќи го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака“, – изјави Габриел за веб-страницата на клубот.
Бразилецот ги пропушти последните два месеци од сезоната поради операција на тетивата, но се очекува да биде подготвен за почетокот на следната сезона.
„Скај Спортс“ објави дека одборот на клубот бара продолжување на договорите на Вилијам Салиба и Букајо Сака.
Порано оваа недела, Арсенал објави дека Жоржињо и Киран Тиерни ќе го напуштат клубот на крајот од месецот, кога ќе им истечат договорите.