Спорт
Драма во приватниот авион на Стоук Сити
Фудбалерите на Стоук Сити претрпеле вистински шок во летот од Портсмут
Приватниот авион на фудбалерите од Стоук Сити морал принудно да слета на аеродромот Гетвик. Фудбалерите почнале да паничат бидејќи почувствувале мирис на нешто изгорено кој доаѓал од кабината на пилотот. Пилотот на приватниот авион со 50 седишта пријавил принудно слетување и откако бил приземјен инспекцијата која ја направиле пожарникарите на пистата не пронашла никакви траги од пожар во целиот авион. Фудбалерите и останатиот екипаж се вратиле дома со воз.Стоук Сити патувале во Пoртсмут за натпреварот од Карлинг купот кој го загубија со резултат од 4:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сами Кедира: Кога ќе почне да се однесува како џентлмен, Винисиус ќе освои три „Златни топки“
Сами Кедира, поранешен играч на Штугарт, Реал и Јувентус во кариерата која ја заврши во 2021 година ги освои сите важни трофеи. Беше европски првак со Реал, светски шампион во 2014 година со репрезентацијата на Германија. Постигна гол во полуфиналето кога Германија го декласира Бразил со 7:1.
Кедира работи како стручен коментатор и се школува за да добие лиценца за спортски директор. Во интервју за „Марка“, проговори за неодамнешната церемонија во Париз, кога на изненадување на погоелмиот дел од јавноста, престжната „Златна топка“ му припадна на Родри, а не на фаворизираниот Винисиус Жуниор.
„Бев играч од средниот ред и ми се допаѓа како игра Родри. Кога ќе видите како Сити игра без него, сфаќате колку е важен. Го гледав на ЕП, тој е командант на теренот. Ќе ги постави играчите на теренот и потоа ги разигрува. Тој е неверојатен. Винисиус исто така ја заслужува „Златната топка“. Тој го менува текот на играта. Кога Реал не знае што да прави, му ја дава топката на Винисиус. Но, имам забележка на неговото однесување… Се чини дека е полн со гнев. Таков беше Кристијано Роналдо кога беше млад, но брзо се промени. Ако Винисиус сака да биде како Меси, Зидан, Кристијано или Чави, треба да покаже малку повеќе почит кон противниците, судиите… Тоа мора да го смени. Тој е број еден во фудбалот, ако малку го промени однесувањето и стане џентлмен, ќе освои три или четири „Златни топки“.
Спорт
Рабио го кани Погба во Олимпик Марсеј
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Адриен Рабио, го повика поранешниот соиграч Пол Погба да му се придружи во францускиот клуб откако ќе му истече суспензијата следната година.
„Би сакал да играм со Пол. Поканет е да дојде да игра во Марсеј“, изјави Рабио за телевизискиот канал „DAZN“ во неделата вечерта по натпреварот против Сент Етјен.
Погба беше позитивен на тестостерон во август минатата година, со што ја заработи максималната казна од италијанскиот антидопинг суд.
По жалба, казната на Погба е намалена од четири години на 18 месеци и тој ќе може професионално да се занимава со фудбал од март наредната година.
И покрај ова, Погба и Јувентус со заедничка согласност го раскинаа договорот минатиот месец.
Рабио и Погба беа клупски колеги во Јувентус откако Погба се врати во италијанскиот клуб од Манчестер јунајтед во 2022 година.
Трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед во 2016 година тогаш изнесуваше рекордни 105 милиони евра.
„Бевме заедно кратко време во Јувентус. Немавме многу можности да играме заедно поради неговите повреди. Бев многу разочаран поради тоа”, изјави Рабио.
Рабио му се приклучи на Марсеј во септември, откако беше член на Јувентус од 2019 година.
Погба и Рабио беа соиграчи и во француската репрезентација со која ја освоија Лигата на нации во 2021 година.
Спорт
Стојановски и Панчевски од ШК „Алкалоид“ беа најуспешните македонски играчи на европските шампионати во забрзан и во брзопотезен шах
Европскиот шампионат во забрзан (рапид) шах се одигра на 7 и 8 декември со учество на околу 390 шахисти во 11 кола, а во секоја партија играчите имаа на располагање по 15 минути и бонификација од дополнителни 10 секунди за одигран потег. Велемајсторот Владимир Федосеев, играч со руско потекло кој настапува под знамето на Словенија, стана нов европски првак во забрзан шах освојувајќи 9,5 поени. Велемајсторите Антон Коробов од Украина и Бадур Јобава од Грузија со по 9 поени се најдоа веднаш зад него. Од 4. до 11. место беа група играчи со по 8,5 бода, а од 12. до 25. место група играчи со по 8 бода. Меѓу славните велемајсторски имиња на 18. место се пласира шахистот на ШК Алкалоид, интермајсторот Дејан Стојановски.
За мене ова е голем резултат, планина! За споредба, кога би бил овој резултат одигран на стандардно темпо на игра, би значел велемајсторска норма. Осумте бода од можни 11, без пораз, и пласманот во топ 20 на европско ниво доволно кажуваат, но за да го остварам тоа, навистина се внесов. Во овие два дена загубив три килограми од телесната тежина! Беше борбено, имаше неколку инфаркт-партии, а особено би ја издвоил онаа од 9. коло против романскиот шахист Филип Маголд, кога сѐ висеше, но се снајдов феноменално и победив. Ремизирав со играчот кој стана европски првак, Владимир Федосеев, како и со Јорден ван Форест, кој следниот ден стана шампион во блиц. Горд сум што рамноправно се носев во дуелите во кои квалитетот на партиите беше на екстремно високо ниво. Сето ова не би било можно без поддршката на мојот клуб Алкалоид, како и на компанијата што стои зад нас, вели ИМ Дејан Стојановски.
На Рапид-турнирот имаше околу 80 учесници од Македонија, при што втор најуспешен македонски играч беше ИМ Филип Панчевски на 57. Место, освојувајќи 7 поени во 11 партии. Со идентичен скор беше и ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, кој со постигнатиот резултат беше трет најуспешен меѓу играчите во категоријата играчи на возраст над 60 години, а воедно беше и најуспешен македонски шахист во оваа категорија. Исто така, Никола Радоњанин, кој е дел од младинската школа на ШК Алкалоид, со 5,5 бода беше најуспешен меѓу македонските претставници до 14 години.
На Европскиот шампионат во брзопотезен (блиц) шах играчите имаа по 3 минути време за игра и дополнителни две секунди бонификација за одигран потег. Овој турнир се одигра на 9 декември, а настапија околу 360 играчи.
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски имаше уште едно одлично издание и беше најдобар играч меѓу македонските претставници освојувајќи 9 бода од можни 13, при што се најде во групата играчи од 20. до 32. место, а според тајм-брејк параметрите го освои 26. место, односно дваесет позиции повисоко од листата според стартниот рејтинг.
По долго време повторно играв на Европското првенство во рапид и во блиц шах, што, секако, беше големо искуство да се одмерат силите со најсилните европски шахисти. Турнирот во забрзан шах беше прв и таму играв тешко, но како поминуваа партиите влегов во игра и играв сѐ подобро и подобро. Европското првенство е силен турнир, за кој треба многу енергија. Блиц-турнирот го завршив со победа во последното коло, што секогаш ми носи големо задоволство. Иако посакував уште половина поен повеќе, задоволен сум од постигнатиот резултат, констатираше ИМ Филип Панчевски.
За одбележување е и тоа дека и на овој турнир повторно најдобар македонски играч до 14 години беше Никола Радоњанин.
ПР текст