Спорт
SEAT Sport ќе ја брани лидерската позиција во Јапонија

Тимот на SEAT Sport е соочен со голем предизвик пред почетокот на претпоследната трка од WTCC шампионатот која ќе се одржи на 1-ви ноември на патеката во Окаума, Јапонија
Членовите на тимот на SEAT ќе ја започнат трката со цел да остварат подобар пласман и подобри позици за последната трка во Макао. Позицијата која што ја имаат во моментот е резултат на претходните победи и одлични резултати кои ги имаат постигнато како и на одличните резултати кои ги обезбедија во Имола, Италија. Габриеле Тарквини и Иван Мулер во моментот се на двете лидерски позиции во генералниот пласман на возачи, а во генералниот пласман на конструктори SEAT е на лидерската прва позиција. Тарквини има освоено вкупно 109 поени, а на втората позиција е Мулер со 102, додека пак Агусто Фарфус кој е најголем конкурент во преземањето на лидерката позиција има 91 поен. Габриеле Тарквини е целосно фокусиран за постигнување на подобри резултати: „Сметам дека возачите на SEAT за време на ова трка треба да бидат повеќе во дефанзива за разлика од трката во Имола, бидејќи ова патека не е многу наколонета кон нашите автомобили. Мојата лична цел е да освојам колку што е можно повеќе поени за тимот“. Иван Мулер, исто така, е еден од потенцијалните победници на шампионатот кој смета дека најголем фактор за време на ова трка ќе бидат временските услови: „Нашата примарна цел е да овозможиме SEAT да ја зацврсти лидерката позиција во генералниот пласман на конструктори, а потоа ќе настојуваме да ја задржиме лидерската позиција во генералниот пласамн на возачи. Патеката во Окаума е една од покомплицираните патеки, а како дополнителен проблем ќе бидат и временските услови што не’ очекуваат за време на трката“. Во генералниот пласман на конструктори, SEAT е лидер со освоени 271 поен, а на втората позиција е BMW со 250 поени, па доаѓаат Chevrolet со 175 и Lada со 78 поени. Поради тоа што има уште две трки (во Јапонија и во Макао), тешко дека првата трка во Азија ќе биде одлучувачка.Патеката во Окаума е долга 3.702 метри и се наоѓа во близина на Окаума градот, а од Осака е оддалечен само 200 км. Патеката беше реконструирана во 1994 г. за потребите на Формула 1 трките, а потоа беше користена и за меѓународните трки на мотори. Бидејќи од сите четири страни е опколена со планински предели, очекувано е временските услови да бидат неповолни. Истите временски услови ги имаше и минатата година и беа одлучувачки фактор во победата на Рикард Рајдел и SEAT León TDI и за победата на Том Коронел и SEAT León.Распоред:Сабота, 31ви октомври00.30 – 01.00: Загревање 1 03.10 – 03.40: Загревање 2 08.00 – 08.35: Квалификациски трки Недела, 1ви ноември00.00 – 00.15: Загревање05.55: Прва трка со 14 круга со старт во движење 08.05: Втора трка со 14 круга со старт во местоМинимална тежина за возилата на секој од учесниците:SEAT León TDI, 1170 кг.. + 40 кг. тежина = 1210 кг.SEAT бензин мотор, 1170 кг. – 0 кг. тежина = 1170 кг.BMW, 1155 кг. + 40 кг. тежина = 1195 кг.Chevrolet Cruze: 1170 кг. + 30 кг. тежина= 1200 кг.BMW (независен): 1180 кг.Lada 110 1170 кг. – 20 кг. тежина = 1150 кг.(Со посебно одобрени дадено од FIA, BMW ќе се натпреварува со 15 кг. помалку тежина во однос на SEAT León TDI.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми успешно стартуваше на Вилблдон

Фото/ EPA/NEIL HALL
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)
Спорт
Ден полн со големи изненадувања: Зверев и Коко Гоф си одат дома

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф.
Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не му дозволи на Зверев ниту една брејк топка.
Дарија Јастремска направи големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка во светот, Коко Гоф. Украинката, која моментално е 42-ра на ВТА листата, против актуелната шампионка на Ролан Гарос славеше со 7:6 (3), 6:1 за прв триумф против Американката, во нивниот четврти меѓусебен дуел.
Негова следна противничка ќе биде Захарова.