Спорт
Џенсон Батон на заслужен одмор
Формула 1 шампионот Џенсон Батон конечно дочека време за одмор и опуштање по неговиот триумф во Бразил пред десетина дена
Возачот на “Brawn GP” ужива во заслужениот одмор, релаксација и романса во друштво на својата девојка, Јапонскиот модел за долна облека Џесика Мичибата.
Џенсон и Џесика се сретнале во Дубаи изминативе денови за првпат по неговиот триумф.
Таа била презафатена со своите ангажмани во Токио, каде и ја прославила победата на Батон.
Големата љубов на уште поголема далечина можеше да се воочи и во изјавата на Батон која, ја даде по победата во Бразил.
“Сега сакам да размислувам на семејството и мојата девојка Џесика. Те сакам премногу, ова е за тебе”, порача шампионот по трката.
Сепак, одморот и уживанцијата за Батон нема долго да траат, бидејќи возачот ќе мора да се припреми за престојната трка во Абу Даби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона без тренерот Флик во последните два натпревара во 2024
Ла Лига ја одби жалбата на Барселона и ја потврди одлуката на Дисциплинската комисија за суспензијата на тренерот Ханси Флик.
Германскиот тренер заработи црвен картон при ремито на Барселона на гостувањето кај Бетис, по што доби суспензија од два натпревари.
Барселона поднесе жалба, но доби негативен одговор, па Барселона во следните два натпревари ќе биде без тренерот на клупата.
Тоа значи дека Германецот повеќе нема да седи на клупата во 2024 година за преостанатите два првенствени натпревари со Леганес и дербито со Атлетико Мадрид.
Флик вечерва ќе го предводи својот тим во дербито со Борусија Дортмунд во шестото коло од Лигата на шампионите.
Потоа на клупата ќе се најде на почетокот на јануари во Купот на кралот, кога Барселона гостува кај четвртолигашот Барбастра.
Спорт
„Џими Батлер треба да оди кај Јокиќ, би ја освоиле титулата“
Еден од најдобрите кошаркари во својата генерација, шампион со Бостон Селтикс, Пол Пирс, им порача на Деенвер Нагетс дека треба да го нагжаираат Џими Батлер.
Вчера во јавноста излезе информацијата дека Мајами Хит се подготвени да го разменат Батлер. Веднаш започнаа шпекулациите каде би можел да ја продолжи кариерата. Наводно најзаинтересирани се Далас, Хјустн и Голден стејт.
Пирс има интересен предлог за Батлер и Денвер Нагетс,
„Обично, кога играчите велат дека сакаат да одат во друг тим, тоа никогаш не се остварува дека Џими Батлер. Ако можем да шпекулирам мислам дека најдобро место во кое би се вклопил Батлер би бил Денвер“, изјави Пирс
Членот на Куќата на славните смета дека Батлер добро би се снашол во тандем со Никола Јокиќ.
„Потребен им е уште еден играч кај кого ќе оди топката, тоа ќе му помогне на Џокер. Ако има начин да го донесат Џими Батлер, ќе видите дека тие двајца ќе подигнат уште еден трофеј. Под услов да не играат во финалето со Селтикс“, објасни Пол Пирс.
Се шпекулира и дека Денвер Нагетс би можеле да подготват пакет околу Мајкл Портер јуниор со цел да ја засилат поддршката за Никола Јокиќ, но тоа во моментов е во доменот на шпекулациите.
Батлер сезонава на 17 натпревари има просек од 19 поени, 5,4 скока и 4,8 асистенции.
Спорт
Судија се расплака по завршувањето на натпревар во ЛШ, тренерот на Лајпциг го утеши
Лајпциг и по шестото коло во Лигата на шампионите остана без освоен бод. Синоќа, Лајпциг доживеа пораз на домашен терен од Астон Вила (2:3). Лајпциг е првиот тим, учесник во европските купови, кој ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата.
Натпреварот во Лајпциг го обележа и сцената по завршувањето на натпреварот. Еден од помошниците на Маурицио Маријани плачеше по завршувањето на натпреварот.
Сите на стадионот се прашуваа што се случи со Алесандро Џалетино, па до него дојдоа тренерот на Лајпциг, Марко Росе и дефанзивецот на Астон Вила, Пау Торес.
Explained: why assistant referee Alessandro Giallatini burst into tears seconds after Aston Villa's win over RB Leipzighttps://t.co/XpnmHM2XrS pic.twitter.com/1b6gSHB1px
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 10, 2024
Причината, зошто Џалетино плашече е откриена подоцна. За Италијанецот ова беше последен европски натпревар на кој беше актер, односно помошен судија.
Во текот на својата кариера, Алесандро Џалетино беше помошен судија на 170 натпревари во Серија А. Тој судеше 42 пати во европските купови (Лига на шампиони 31, Лига Европа 11). На СП 2022 беше асистент во три натпревари, а на ЕП 2024 беше асистент во четири натпревари.
Џалетино беше помошник во фналниот натпревар во Лигата на шампионите во 2020 година, што претставува круна на неговата кариера.