Спорт
Работнички лесно во дербито со Слога
Попладнево се одиграа натпреварите од 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига, а во најинтересниот меч скопските „романтичари“ убедливо славеа на Чаир против „шврцерите“
Лидерот на табелата, Работнички стигна до трите бода на гостувањето на стадионот „Чаир“, во дуелот со Слога Југомагнат, постигнувајќи лесни три гола. Шампионот од минатото првенство, Македонија Ѓорче Петров со 2:0 го совлада Силекс, а во тетовското дерби Ренова како гостин со гол во последната минута го порази Тетекс. Најтрофејниот македонски клуб Вардар продолжува со катастрофалните резултати кои го доведоа блиску до дното на табелата, по поразот на домашен терен. Резултати: Тетекс – Ренова 0:1, Македонија ЃП – Силекс 2:0, Вардар – Хоризонт Турново 1:3, Слога Југомагнат – Работнички 0:3, Победа – Пелистер 0:0, Металург – Милано 4:0.Табела: Работнички 27 (бодови), Ренова 26, Македонија ЃП 20, Хоризонт Турново 18, Пелистер 16, Силекс 16, Металург 15, Тетекс 11, Слога Југомагнат 11, Вардар 9, Победа 7 и Милано 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Завршија рочиштата за судењето на векот – На Сити му се заканува преселба во аматерската лига
Завршија рочиштата за таканареченото „судење на векот“ во кое Манчестер сити е обвинет за повеќекратно прекршување на финансискиот фер-плеј. Доколку Сити биде прогласен за виновен, постои реална можност за исфрлање од англиската Премиер лига, како и од Лигата на шампионите.
Новинарот Мајк Киган објави дека се одржани сите рочишта во врска со судењето по 115 точки од обвинението. иган тврди дека пресудата за овој случај ќе биде објавена за неколку месеци.
Доколку Сити биде прогласен за виновен, постои реална можност за исфрлање од англиската Премиер лига, како и од Лигата на шампионите. Јасно е дека ова би била катастрофа за повеќекратните шампиони на Англија, кои би можеле да завршат во некоја од аматерските лиги во Англија.
Манчестер сити и претходно имаа слични проблеми, кога УЕФА ги суспендираше на две години од европските натпреварувања. Тогаш англискиот тим беше казнет со 30.000.000 евра, но одлуката беше укината по жалбата до Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS).
Ваквите вести доаѓаат во време кога клубот е во најлоша форма во последните 15 години. Тимот од „Етихад“ има само една победа во последните девет натпревари, а во тој период забележа шест порази.
Нивната следна шанса за победа и излез од кризата ќе биде во Лигата на шампионите, утре против Јувентус во Торино.
Сити веројатно пресудата ќе ја дознае кон крајот на јануари. Сепак експертите по право сметаат дека, каква и да биде пресудата Сити истата ќе ја обжали, што значи дека целиот процес „ќе се развлече до почетокот на следната сезона“.
„Сослушувањето за повеќе од 100 наводни прекршувања во период од 14 години заврши во петокот по речиси три месеци правни аргументи. Изворот рече дека тричлената комисија ќе биде акутно свесна за фокусот на исходот на случајот и ќе работи со полна брзина. Извор рече дека може да биде крајот на јануари, но бројот на наводни прекршувања и сложеноста на случајот може да значи дека ќе биде одложен“, пишува „Тајмс“.
Новинарот на „Тајмс“ Мартин Зиглер истакна дека клубот би можел „да се соочи со големи одземања на бодови или дури и исклучување доколку се докажат посериозни обвинувања“.
Изворот рече дека жалбата „може да потрае шест до осум месеци“. Зиглер рече дека истрагата на Премиер лигата трае „пет години и се очекува дека правните трошоци за двете страни ќе бидат огромни“.
Спорт
ВТА ја избра тенисерката на годината
Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината на ВТАОваа година тенисерката од Белорусија освои четири титули: Австралија опен, Синсинати, Ју-ес опен и Вухан.
Сабаленка во 2024 година освои две гренд слем титули и сега во својата колекција има три вакви трофеи.
Откако по третпат го освои турнирот во кинескиот град, таа стави крај на единаесетмесечното владеење на Ига Швјонтек на врвот на ВТА листата.
Сабаленка на овој начин го прекина две годишното владеење на Швјонтек. Американката Ема Наваро (38) е прогласена за тенисерката која најмногу напредувала. Годинава таа го освои турнирот во Хобарт, а има и шет полуфиналиња, вклучувајќи го и она на Ју-ес опен.
Најдобра дебитантка е Новозеланѓанката Лулу Сан, која како квалификантка стигна до четвртфиналето на Вимблдон, и напредуваше до 40. место на ВТА листата, иако во јануари не беше ниту меѓу Топ 200.
Во категоријата двојки награден е италијанскиот тандем Сара Ерани/Јасмин Паолини, која го освои олимпиското злато на Игрите во Париз.
Меѓународните тениски медиуми гласаа за најдобрите во 2024 година.
Спорт
Динамо во сериозни проблеми пред Селтик, не може да смета на 13 фудбалери
Динамо Загреб буквално ќе биде осакатен на натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите против Селтик на „Максимир“.
Динамо, вечерва, ќе го одигра веројатно клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион е на 23. место со седум бодови, додека Селтик е на 20. позиција со бод повеќе.
Првите осум места водат директно во осминафиналето, додека пласманот од 9 до 24. место води во плеј-офот.
Динамо по натпреварот со Селтик има натпревари против Арсенал (во Лондон на 22 јануари) и Милан (на Максимир на 29), поради тоа натпреварот против шкотскиот гигант може да биде исклучително важен за пласман во плеј-офот.
Тренерот Ненад Бјелица во последните недели имаше огромни проблеми со повредите. Против Селтик не може да смета на Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Иван Невистиќ, Такуја Огиваре, Петар Сучиќ, Мауро Перковиќ, Јосип Мишиќ, Хуан Кордоба и исфрлениот Сами Мае.
Стандардниот стопер Раул Торенте се уште е неизвесен, а Мартин Батурина би требало да настапи и покрај малата повреда.
Во аут е и Стефан Ристовски, но тој ќе биде достапен против Шкотите. Саде Моарами нема право на настап, бидејќи не е пријавен за оваа фаза од Лигата на шампионите.
-Повреди? Така беше и пред натпреварот со Славен Белупо. Адеми нема да игра, не сум сигурен за Торенте. Во тимот се враќаат Стефан Ристовски и Марко Рог. Во тимот ќе бидат неколку јуниори, а ќе имаме во составот 15 професионалци“, рече тренерот на Динамо, Ненад Бјелица.
Динамо од 18 часот и 45 минути го пречекува Селтик на „Максимир“.