Спорт
Интер со седум бода предност пред Јувентус
Интер се зацементира на врвот на табелата во италијанската Серија А, со осум бода пред останатите конкуренти Јувентус и Сампдорија
Интер се зацементира на врвот на табелата во италијанската Серија А, со осум бода пред останатите конкуренти Јувентус и СампдоријаСо победата над Палермо од 2:0 Интер им избега на конкурентите. Тимот на Жозе Мурињо со головите на Милито и Маикон во второто полувреме на гостувањето во Палермо триумфира и ги собра трите бода, нешто што не им успеа на главните фаворити за скудетото, Јувентус и Сампдорија.Јувентус и покрај тоа што водеше во првото и почетокот на второто полувреме од натпреварот против Наполи со помош на головите на Трезеге во 35-та и Џовинко во 54-та минута, Наполи дојде до трите бода со пресврт во Торино. Најпрво Хамсик во 59-та минута го намали резултатот на Датоло по само 6 минути израмни. Хамсик погоди за конечни 3:2 за Наполи на гостувањето во Торино. Милан со двата гола на Бориело триумфира над Парма. Рома со конечен резултат 2:1 ја порази Болоња. Адаилтон најпрво погоди за Болоња во 32-та минута,а Вучиниќ израмни по само три минути. Перота во 52-та минута погоди за победа на Рома. Калјари беше убедлив на домашен терен против Аталанта благодарение на двата гола на Нене во првото полувреме и на Матри од пенал. И Фиорентина и Катанија во Фиренца останаа без еден фудбалер, но Фиорентина беше таа која ги зграби трите бода. Маркиони уште во 5-та минута го отвори резултатот а пред самиот крај на полувремето Даинели одби црвен картон по вториот жолт. На самиот почеток од второто полувреме Маскара израмни за Катанија, но по исклучувањето на Капуано, Фиорентина доби сила и го зголеми резултатот преку Маркиони и Џилардино. Лацио сеуште не може да ја пронајде победничката форма и на гостувањето против Сиена одигра само нерешено 1:1. Маури рано погоди за Лацио, но во 32-та минута Макароне израмни за поделба на бодовите. Истиот резултат остана и на натпреварот Киево против Удинезе, каде Флорес погоди за Удинезе во 27-та минута а Јепес за домаќините Киево во 71-та. Палермо и Џенова одиграа без голови а истиот резултат остана и на натпреварот Сампдорија против Бари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.