Контакт

Спорт

SEAT и натаму лидер во WTCC

Објавено пред

Под екстремно лоши временски услови SEAT сепак успеа за време на трката во Окаума да ја задржи лидерската позиција во WTCC шампионатот. Последната трка од оваа сезона ќе се одржи во Макао на 22 ноември и ќе биде одлучувачка кој ќе ги понесе и двете титули

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа што патеката во Окаума е многу поповолна за автомобилите кои имаат погон на задната оска, сепак SEAT Sport тимот успеа да ја задржи лидерската позиција, а првите две места во генералниот пласман на возачи да ги задржат Тарквини и Милер. Иако Габриеле Тарквини немаше многу среќа за време на трката, сепак Иван Милер беше лидерот за време на трката и успеа да се избори за втората позиција.По завршувањето на трката во Јапонија, Тарквини остана на правата позиција во табелата со освени 115 поени, само два поени пред Милер кој има вкупно 113. Третопласиран на листата е Агусто Фарфус со освоени 102 поени. Тројцата возачи ќе бидат потенцијалните победници на патеката во Макао и ќе се одлучува меѓу нив кои ќе ја понесе титулата. Во однос на генералниот пласман на конструктори SEAT е се’ уште на врвот, но предноста пред BMW се намали на само три поени. Поради лошите временски услови на патеката дојде до неколку инциденти каде што директно беа инволвирани возачите на SEAT. Во првата трка, Тарквини кој стартуваше од пол позиција изгуби контркола над возилото и поради тоа ја продолжи трката од осмата позиција. Рикардо Рајдел кој го презеде лидерството имаше контакт со автомобилот на Хорди Милер поради што доби казнени неколку минути. Потоа, Енди Праиулх ја зазеде лидерската позиција и беше следен со страна на Хори Милер, Хорди Гене како трет на патеката, кој на крајот од трката заврши шести зад Иван Милер и Габриеле Тарквини.  Инцидентите во кои беа инволвирани голем број автомобили беа предизивкани најмногу поради лошите временски услови. Монтеиро кој стартуваше од пол позиција беше истуркан од патеката од страна на Хорди Милер, додека, пак, Тарквини со огромни напори успеа да избегне директен контакт со останатите возачи. Како резултат на тоа Габриеле успеа да се врати на патектата меѓутоа како седумнаесетти за на крајот после големи напори да заврши како седмопласиран, благодарение на одличните позиции кои ги имаа Гене и Рајдел.Квалификации:

Прва трка: 1.Е.Праилух  (BMW) 32:18.887. 2.Х. Милер (BMW) + 0.484. 3.Р. Хуф (Chevrolet) + 2.552. 4.И.Милер  (SEAT) + 12.066. 5.Г. Тарквини  (SEAT) + 15.757. 6. Х. Гене (SEAT) + 17.131. 7.T.Монтеиро  (SEAT) + 18.693. 8.A.Фарфус  (BMW) + 25.403. 9.A.Мену (Chevrolet) + 28.163. 25.Р. Рајдел  (SEAT) 2 круга.

Втора трка: 1.A.Farfus (BMW) 26:55.015. 2.A.Priaulx (BMW) + 0.761. 3.Y.Muller (SEAT) + 3.298. 4.A.Menú (Chevrolet) + 5.878. 5.N.Larini (Chevrolet) + 13.725. 6.R.Huff (Chevrolet) + 17.538. 7.G.Tarquini (SEAT) + 24.104. 8.R.Rydell (SEAT) + 26.212. 9.J.Gené (SEAT) + 27.272. DNF: T.Monteiro (SEAT).Генерален пласман:Возачи: 1.Габриеле Тарквини, 115 поени. 2.Иван Милер, 113. 3.Агусто Фарфус, 102. 4.Енду Приаулх, 84. 5.Роберт Хуф , 69. 6.Хорди Милер, 66. 7.Рикардо Рајдел, 64. 8.Хорди Гене, 39. 11.Тиаго Монтеиро, 36.Конструктори: 1.SEAT, 289 поени. 2.BMW, 286. 3.Chevrolet, 192. 4.Lada, 84.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Само легендарните Брајан Клаф и Алекс Фергусон се пред Гвардиола

Објавено пред

Манчестер Сити на Пеп Гвардиола не знае за пораз на последните 30 натпревари.

dobivaj vesti na viber

Во ерата на Премиер лигата, само Манчестер Јунајтед на Алекс Фергусон имаше подолга серија без пораз во една сезона во сите натпреварувања.

Граѓаните, синоќа убедливо го победија Брајтон на гости со 4:0 и тоа им беше јубилеен 30-ти последователен натпревар без пораз сезонава. Во оваа серија остварија 24 победи.

Од формирањето на Премиер лигата, само на Манчестер Јунајтед имале подолги серии. Во сезоната 1993/94 имале серија од 34 натпревари, а еден натпревар помалку во сезоната 1998/99.

Последен тим што ги победи „граѓаните“ сезонава (без изведување пенали) беше Астон Вила на 6 декември на „Вила Парк“ (1:0).

Најдолгата серија во историјата на англискиот фудбал ја има Нотингем Форест предводен од легендарниот Брајан Клаф, кога во историската 1978 година нанижа 40 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Јокиќ и Денвер победија во Лос Анџелес, Ембид постигна 50 поени во важната победа на Филаделфија

Објавено пред

Актуелните шампиони Дебвер Нагетс победа ги дели од пласман во конференциското полугинале. Нагетс поведоа со 3-0 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс. Третиот печ, на теренот на пртивникот го добија со 112:105. На Истокот, Филалделфија Севентисиксерс го намали резултатот во серијата против Њујорк Никс на 2-11, a Орландо Меџик повеоа со 3-0 против Кливленд Кавалирс. Филалделфија победи во третиот натпревар со 125:114, а Орландо со 121:83.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, забележа 24 поени, 15 скока и девет асистенции. Јокиќ шутираше 9/13 од поле, а 6/7 од линијата за слободни фрлања.

Покрај Јокиќ, уште тројца играчи на Денвер имаа 20+ поени. Гордон постигна 29, Мареј 22, а Портер Јуниор 20 поени.

Во поразениот тим Дејвис беше најефикасен со 33 поени и15 скока, додека Џејмс заврши со 26 поени и девет асистенции. Целосно потфрли Дианџело Расел кој мечот го заврши со нула поени.

Џоел Ембид, актуелниот МВП на лигата, одигра одличен натпревар постига 50 поени, со 13-19 од поле и дури 19-21 од линијата за слободни фрлања. Ембид имаше и осум скока, четири асистенции и блокада, тимот со него на теренот имаше +16. Тајрис Макси беше одличен со 25 поени и седум асистенции, Оубре постигна 15, а Пејн 11 поени.

Во поразениот тим Џејлен Бренсон постигна 39 поени, Харт го следеше со 20, Ануноби постигна 17, а Хартенштајн 14 поени.

Орландо се на чекор до полуфиналето на Истокот. До убедливата победа над Кливленд ги предводеа Банкеро со 31 поен и 14 скокови, Сугс со 26 и Вагнер со 16 поени. Ален и Леверт постигнаа по 15 поени за Кливленд, додека Мичел мечот го заврши со 13 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.

dobivaj vesti na viber

Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.

Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.

Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.

Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.

Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет25 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион41 минута

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет48 минути

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија18 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ18 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија21 час

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија21 час

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...