Спорт
Изрешетан поранешен аргентински репрезентативец
Поранешниот фудбалски репрезентативец на Аргентина 40-годишниот Фернандо Касерес е во животна опасност. На него стрелале ганстери кои сакале да му го ограбат автомобилот
Фудбалерот го паркирал својот автомобил во Сиудадаља, опасно предградие на главниот аргентински град Буенос Аирес. Фернандо Касерес се обидел да им се спротистави на гангстерите по што тие пукале во него, а еден од куршумите го погодил во главата. Неговата состјаба е многу тешка и лекарите му даваат малку шанси дека ќе преживее.„Сторивме се’ што може во вакви слуачи да се стори, сега неговиот живот е во Гоподови раце“, изјавил аргентинскиот министер за здравство, Клаудио Зин. Веста од нападот врз Касерес ја вознемири аргентинската јавност, а неговиот поранешен соиграч и актуелен селектор на репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона, веднаш отишол во болница да му се придружи на семејството на својот пријател.Полицијата соопштила дека за овој случај уапсила седум лица на возраст меѓу 15 и 22 години. Според информациите на локалните медиуми, врз Касерес пукал 15-годишниот Рикардо Езеквел, водач на локална банда која е обвинета за повеќе тешки криминални дела.Фернандо Касерес во својата кариера на одбранбен играч играше за Ривер Палта, Бока Јуниорс, Валенсија и Селта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Чудесна победа на Литванија во Лондон – Саргиунас со девет поени за 10 секунди
Неверојатен натпревар, па почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство, во Лондон одиграа Велика Британија и Литванија. Литванците победија 88:89 и покрај тоа што на 15 секунди до крајот Британците имаа предност од седум поени (87:80).
Литванија тргна во напад на 15 секунди до крајот на мечот, на девет секунди до крајот
Саргиунас погоди тројка, на спротивната страна Хесон погоди едно слободно фрлање за 88:83.
Експресно Саргиунас, уфрли уште една тројка, а на семафорот останаа уште три секунди. Британците имаа напад на 88:86. Карл Витл ја губи топката, таа стигна до Саргиунас, кој погоди уште една тројка за конечни 88:89.
Саргиунас го заврши натпреварот со 27 поени, Раджевичиус додаде 16. На другата страна, Хесон имаше 18, исто како и Витл.
Foto/ fiba.basketball
Greatest comebacks I've seen:
1995 | Reggie Miller
2004 | Tracy McGrady
2025 | Ignas Sargiūnas#FIBAWC | #StepItUp pic.twitter.com/TwuVya5xBe— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) November 27, 2025
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva

