Спорт
Ален Ајверсон најави пензионирање
НБА кошаркарот Ален Ајверсон најави дека ќе стави крај на својата професионална кариера и одлуката за пензионирање ја објави на веб страната на својот пријател Стивен Смит, репортерот кој ја следеше речиси целата негова кариера
„Би сакал да ги објавам плановите за пензионирање од играње во НБА. Секогаш сметав дека ќе си заминам од професионално играње бидејќи нема да можам да му помогнам на мојот тим. Сега тоа не е случајот, Имам огромна љубов кон играта, желба за играње кошарка . Силно верувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво“ напиша Ајверсон на сајтот на Смит.За поранешната ѕвезда на Филаделфија 76, а сега во дресот на Мемфис Гризли пројави интерес само екипата на Њујорк Никс, но подоцна се откажа од услугите, најмногу поради неговата возраст, бидејќи тимот одлучи да купи многу помлад играч. Ниту еден друг тим не се заинтересира за Ајверсон. „Тој ќе си замине во историјата како најдобриот мал гард кој ја играл оваа игра“ изјави Џорџ Карл, поранешниот тренер на Ајверсон. Ален Ајверсон има просек од 27.1 поени по натпревар, просек кој го смести на петтото место на вечната листа на НБА. „Пензионирањето ќе ми даде можност да поминувам повеќе време со моите деца и сопругата“ додаде Ајверсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

