Спорт
France Footboll ги објави 10-те кандидати за трофејот „Златна топка 2009“
Листата на кандидати за трофејот Златна топка 2009 е заокружена на десет фудбалери, а како најголем фаворит е истакнат напаѓачот на шпанска Барселона и на аргентинската репрезентација, Меси
Листата со 30 имиња на фудбалери беше објавена пред еден месец и сега е сведена само на десет, меѓу кои најголеми фаворити се Лионел Меси и минатогодишниот добитник на наградата Португалецот Кристијано Роналдо од мадридски Реал, објави во недела доделувачот на наградата, магазинот France Football.Дидие Дрогба од Челзи, Самуел Ето од Интер, Стивен Џерард од Ливерпул, Златан Ибрахимовиќ, Андреас Иниеста и Џави сите од Барселона, Кака од Реал Мадрид и Вејн Руни од Манчестер јунајтед се другите фудбалери кои влегоа во најтесниот избор. Коментаторите забележуваат дека на првата листа од 30 имиња немаше италијански и германски фудбалери, а сега нема ниту Французин, бидејќи испаднаа Карим Бензема, Јоан Гургуф и Франк Рибери. Исто така, ниту Шпанците Фернандо Торес и Цес Фабрегас не се најдоа меѓу десетте најдобри, како и Англичанецот Франк Лампард.Резултатите од гласањето на спортските новинари кои го следат фудбалот и името на добитникот на наградата „Златна топка 2009“, порано позната како Европски фудбалер на годината, ќе бидат соопштени во вторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.