Спорт
Реакции на жребот за СП Јужна Африка 2010
По формирањето на групите во петок навечер во Кејптаун, повеќето репрезентативци и селектори ги оценуваат групите во кои ќе настапат нивните екипи
Уругвајскиот напаѓач Диего Форлан смета дека неговата селекција е во тешка група.„Ја имаме домашната екипа и тие играат добро. Мексико добро го познаваме, и тие се добри, а што се однесува до Франција, сметам дека се’ е кажано, иако во футбалот никогаш не се знае“, вели Форлан кој додава дека откако се пласираше на Светското првенство, Уругвај сега ќе се концентрира на овие екипи.„Факт е дека на светската листа сите екипи се подобро рангирани од Словенија, а фаворит во нашата група е Англија. Сигурен сим дека Словенија ќе остави добар впечаток. Способни сме да одиме во вториот круг“, вели словенечкиот селектор Матијаж Кек, чија репрезентација покрај средбата со Англичаните, ќе се сретне и со Алжир и САД.Мексиканскиот селектор Хавиер Аквире вели дека неговите играчи ќе се концентираат на првиот меч против Јужна Африка на самото отворање. „Нашата група е комплицирана, бидејќи не е лесно да играте прво против домаќинот. Не можеме да кажеме дека имаме среќа кога играме против поранешни прваци, како што се Уругвај и Франција, и против организаторот на првенството. Ние мораме само да играме“, вели мексиканскиот селектор.„Ова е праведен жреб, ни одговара и тргнуваме од здачата дека мора да се квалификуваме во осминафиналето“, велик бранителот на германската репрезентација, Филип Ламп, кој ќе се соочи со Австрија, Србија и Гана.Тренерот на австриската репрезентација Пим Варбеек смета дека групата за неговата репрезентација е тешка, но истовремено е и голем предизвик, а тоа е она што го посакувале неговите играчи. „За играчите последните два отсто мотивација треба да претставува шансата што во вториот круг може да играат против Англија“, вели Варбеек.Јужнокорејскитот селектор вели дека е подготвен да се соочи со тешката група во која се и Аргентина, Грција и Нигерија. „Верувам дека имаме шанси. Сите групи се тешки и ќе се подговтвиме добро за да ја оствариме целта – да се палсираме меѓу 16-те најдобри“, вели Ху Џунг-Му.„Ова е четврто светско првенство за Јапонија и ние имаме големи желби. Намаме намера да ја менуваме целта, а тоа е да стигнеме меѓу првите четири екипи“, најавува јапонскиот селектор Такаши Окада, чија репрезентација за да го оствари тоа ќе мора да ја мине групата во која се уште и Холандија, Данска и Камерун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

