Спорт
Официјален старт на релито Дакар

Едно од најпрестижните автомобилски натпреварувања во светот втора година се одржува во Јужна Америка, во петок стартуваше од главниот аргентински град, Буенос Аирес пред повеќе од 100 илјади гледачи, пренесоа агенциите
По стартот пред знаменитоста Обелиск во центарот ан Буенос Аирес, карванот од 134 автомобили, 151 мотор и 52 камиона го изминува својот откако пристигна во 317 километри оддалечениот град Колон. Во сабота од овде и официјално ќе започне годинешново рели.Трката ќе се одвива во вкупно 14 етапи низ Аргентина и Чиле, а учесниците ќе треба да мина вкупно девет илјади километри. Целта е во Буенос Аиред на 17-ти јануари.Историјат и етапи на релито Дакар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Каспер Руд конечно освои голема титула, победи на Мастерсот во Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.
Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7:5, 3:6, 6:4 за два часа и 29 минути игра.
Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.
Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.
Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.
Тој моментално има 13 АТП титули.
Од понеделник, Руд ќе се искачи на седмото место на АТП листата, а Дрејпер ќе го преземе петтото место од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Спорт
(Видео) Конечно, Хари Кејн освои трофеј

Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, англискиот фудбалер Хари Кејн (31) го освои првиот трофеј во кариерата.
Она што не успеа да го направи во текот на годините во Тотенхем, му успеа во втората сезона во дресот на Баерн.
Две кола пред крајот, Баварците го обезбедија првото место пред Баер Леверкузен, кој загуби чекор зад лидерот со нерешениот резултат во Фрајбург (2:2). На две кола до крајот Баерн има недостижни осум бода повеќе од Баер.
Шампањот беше подготвен во саботата во Лајпциг, но Поулсен го анулира водството на Баерн (3:3) во судиското продолжение, па Баварците мораа да почекаат за конечното славење.
Ден подоцна Фрајбург го запре сега веќе поранешниот шампион Баер и на Кејн и соиграчите им овозможи да го отворат шампањот.
Кејн по 694 натпревари за клубот и репрезентацијата, го освои првиот трофеј во својата кариера!
Конечно му олесна и го сподели своето расположение и историскиот момент со своите следбеници. Во друштво на своите соиграчи, тој ја отпеа познатата славеничка песна на групата „Queen“.
„We Are the Champions”, пееја играчите на Баерн во еден глас и пиејашампањ. Кејн даде голем придонес за титулата со 24 постигнати гола.
We are the Champions!! 🏆 pic.twitter.com/YYHC7k6ldU
— Harry Kane (@HKane) May 4, 2025
Спорт
(Видео) Челси го победи новиот англиски шампион

Фудбалерите на Челзи го победија новиот англиски шампион, Ливерпул со 3:1 во 35-то коло од Премиер лигата.
Три кола пред крајот на сезоната, тимот од Лондон е токму таму каде што сака да биде на крајот, на место кое гарантира пласман Лигата на шампионите.
„Сините“ моментално се петти, на три бода од Нотингем Форест.
До крајот на првенството, екипата на Енцо Мареска ќе игра против Њукасл (гости), Манчестер Јунајтед (дома) и Нотингем Форест (гости).
Натпреварот со „шумарите“ би можел да биде „да се биде или не“ за двата тима за пласман во европската елита.
Во недела попладне, против новокрунисаните шампиони, Челзи славеше со головите на Енцо Фернандез уште во 3-та минута, Џарел Квансах кој си постигна автогол во 56-та минута и Кол Палмер од пенал во шестата минута од судиското продолжение.
Единствениот гол за гостите го постигна Вирџил ван Дајк во 85-тата минута.