Спорт
Роналдо не исклучува враќање во Манчестер
Најскапиот фудбалер на светот сега е играч на мадридски Реал навести свое враќање во Манчестер јунајтед, клубот од каде Португалецот дојде во Шпанија
„Секако дека ми недостига играњето во Манчестер јунајтед. Не ми недостига само клубот, туку и моите пријатели таму. Играв во Манчестер јунајтед шест години и тоа е долг период. Секогаш кога имам можност гледам како играат. И натаму ме интересира да гледам како игра Манчестер јунајтед, а никогаш не се знае, можеби иднина и ќе се вратам таму. Секогаш постои можност.“, рекол Кристијано Роналдо во интервју за News of the World.Тој минатото лето од англискиот премиерлига мина во Реал Мадрид за рекордни 94 милиони евра.Тој во разговорот додал дека и натаму е во контакт со соиграчите од „Олд Трафорд“.„И натаму разговарам со Вејн, како и со Фердинанд, Видиќ и Евра. Разговараме за фудбалот и помалку за се’ друго. Вејн годинава даде многу голови и моментално е главен во Манчестер јунајтед. Навистина мие многу драго за него, бидејќи го заслужи тоа, Напорно работеше за да го постигне тоа“, додава довчерашниот соиграч во редовите на „Црвените ѓаволи“ на англискиот репрезентативец Вејн Руни.Договорот на Роналдо со Реал Мадрид важи до јуни 2015 г., но тој повторно во интервјуто нагласува дека му недостига Манчестер јунајтед.„Се знае дека Реал е мојот клуб сега и дека сум среќен тука, но логично е што ми недостига Манчестер јунајтед, шефот и поранешните соиграчи, како да напуштив семејство кога си заминав. Сакам да го испочитувам договорот со Ррал до крај, но само Господ знае што ќе се случи во иднина“, додава Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во РК Вардар пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот
Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машката ракометна Суперлига. Тимот цели да се врати на тронот во Македонија, а во тоа добива нов партнер – регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанија Mozzart е нов спонзор на црвено-црните! Логото на компанија Mozzart од оваа година ќе ја краси опремата која тежи две европски титули, освоени во 2017 и 2019 година. Вардар важи за најголем ракометен бренд од Македонија во европски рамки, па со големо задоволство компанија Mozzart која важи за општествено одговорна се приклучи меѓу спонзорите кои ќе му дадат поддршка на 15-кратниот шампион на нашата земја и 17-кратниот освојувач на Купот на Македонија.

„Особено сме среќни што по подолго време на разговори, конечно, со Mozzart Bet се договоривме за едно вакво партнерство. Вардар полека но сигурно повторно се етаблира како еден ракометен бренд не само во Македонија туку и пошироко. Нашите цели за оваа сезона се добро познати, атакуваме на титулата во Домашното првенство, а со самото тоа и да се вратиме во Лигата на Шампионите, што е еден од позначајните сегменти на овој Договор со Mozzart, што значи дека очекуваме целосно да го испочитуваме ова партнерство кое ќе донесе придобивки за двете страни. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека навистина сме задоволни и се надеваме дека ова партнество ќе го продолжиме и понатака на уште повисоко ниво.“ – изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар 1961.

Договорот за спонзорство меѓу компанијата Mozzart и РК Вардар 1961 стапува на сила веднаш, а ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.
„Ни претставува огромно задоволство што станавме партнер и поддршка на најуспешниот македонски клуб по број на трофеи РК Вардар 1961. Се работи за име кое е познато ширум светот, со долга спортска традиција. Веруваме дека ова наше партнерство ќе трае долго и ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во периодот кој следи.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа како општествено одговорна компанија продолжува и во нареден период со инвестирање во македонскиот спорт, преку поддршка на клубови од најразлични рангови.

ПР
Спорт
Шкендија против Самсунспор во Конференциската лига
EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалерите на Шкендија го дознаа противникот во плеј-офот, во Конференциската лига.
Ждрепката што се одржа во Лозана, ја „спои“ Шкендија со турскиот претставник Самсунспор.
Полузесоната, Самсунспор ја заврши на шестото место во турската Суперлига. Тимот што го тренира Германецот Томас Рејс (52), лошо играше во финишот, претрпе три последовни порази, а во последните пет рунди од полусезоната освои само два бода.
Шкендија на 15 февруари ќе го пречека Самсунспор, а седум дена подоцна ќе гостува во Турција.
Победникот во осминафиналето ќе игра против Шахтјор или Рајо Ваљекано.
Плеј-оф двојки во Конференциската лига:

Спорт
Зидан „објасни“ зошто Чаби Алонсо доби отказ
Зинедин Зидан се осврна на својот успешен престој во Реал, во време кога клубот се соочува со нови промени на клупата. Францускиот стручњак, кој освои три Лиги на шампиони и две титули во шпанското првенство со Реал Мадрид, ги сподели своите мисли кратко откако клубот го отпушти Чаби Алонсо и го замени со Алваро Арбелоа.
„Во Реал Мадрид, бевме достапни за играчите. За мене, тоа е она што прави нешто силно; вие сте тука за играчот. Ако не го разбирате тоа, не можете да преживеете во оваа професија. Ние сме тука за да ги поддржиме; мора да покажете дека сте тука за нив. За соблекувалната да прифати она што сакате да го имплементирате, тие мора да нè сакаат.
Ако играчите не се согласуваат со сè што ќе поставите, тренинзите, сè тоа… секогаш ќе недостасува нешто. Мислам дека тие навистина уживаа со нас на сите нивоа. Всадивме многу самодоверба кај играчите.
Поминаа низ малку тежок период и требаше да ја вратат самодовербата, формата, сè. Поставивме рамка за да го вратиме сè. Кога играчот е натпреварувачки расположен, среќен што тренира и излегува да игра натпревари, сигурно ќе ги освоите сите три Лиги на шампиони“, рече Зидан на YouTube каналот на Хамиду Мсаиди, член на неговиот поранешен стручен штаб.
Foto/ depositphotos

