Контакт

Спорт

Леброн Џејмс со нов рекорд на Кавалирс

Објавено пред

Еден од моментно најдобрите кошаркари на денешницата продолжува да граби кон своето место во Куќата на славните на НБА надминувајќи клупски и лигашки рекорди

Во вчерашната победа на Кливленд Кавалирс над Детроит Пистон со 99:92, Леброн Џејмс кога постигна 40 кошеви со 13 скока и шест асистенции за 42 минути минати на теренот го надмина клупскиот рекорд по вкупниот број одиграна минутажа. Рекордот го собори уште во петтата минута од првата четвртина. Досега најголема минутажа под обрачите во Кавалирс  имаше Литванецот Здраунас Илгаускас, со 21.573 минути. Џејмс претходно ги надмина рекордите во својот актуелен клуб во бројот постигнати кошеви, украдени топки, прецизно изведени слободни фрлања итн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Касемиро ќе игра против Интер

Објавено пред

Во морето лоши вести што ги добива деновиве Зинедин Зидан, конечно за него дојде и една добра информација. Еден од клучните играчи на Реал, Касемиро, ќе биде во тимот против Интер во Лигата на шампионите.

Касемиро пропушти неколку натпревари на „кралскиот клуб“, а не играше ниту за Бразил, поради позитивниот корона-тест.

Бразилецот на последното тестирање, Бразилецот бил негативен, што значи дека ќе биде со тимот утре вечер на „Џузепе Меаца“.

Натпреварот со Интер ќе го пропуштат Феде Валверде, Серхио Рамос и Карим Бензема, поради повреди, односно Лука Јовиќ кој е во изолација, поради коронавирусот.

Дуелот, Интер-Реал, на програмата е утре од 21 часот.

Натпреварот е исклучително значаен за двата тима, кои лошо стартуваа во Лигата на шампионите. Во Б-групата води Борусија со 5 бода, по четири имаат Шахтјор и Реал, а Интер во првите три кола освоија само два бода.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јавно го критикувал претседателот Лотито, Луис Алберто ќе замине Лацио

Објавено пред

Евертон, Јувентус и Интер го следат фудбалерот на Лацио, Луис Алберто. Овие клубови, како што пишува „Газета дело Спорт“, во јануари ќе се обидат да го реализираат трансферот на 28-годишниот фудбалер.

Луис Алберто, неодамна, јавно го критикувал претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Медиумите тврдат дека поради ваквите критики тој повеќе нема иднина во клубот од „Олимпико“.

Покрај споменатите три клуб, интерес за Луис Алберто, покажале и неколку екипи од Шпанија.

Неодамна на платформата „Твич“, Алберто, го критикувал претседателот Лотито, кога дознал дека тој си купил нов авион.

„Авион? Убаво, но можеше и на фудбалерите да им ги исплати платите. Купува работи, а нас не ни дава плата“, рекол Алберто.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛШ: Дербито е во Париз, Барса без Меси во Киев

Објавено пред

Вечерва, во Лигата на шампионите, ќе се одигра четвртото коло во групите Е, Ф, Г и Х. Доколку во оваа рунда Челси, Севилја во Е-групата, односно Барселона и Јувентус во Г-групата, ги оправдаат фаворитските улоги, на две кола до крајот на фазата по групи ќе обезбедат пласман во осмина-финалето.

Група Е:
Краснодар – Севилја 18.55 часот
Рен – Челси 18.55
Табела: Челси 7, Севилја 7, Краснодар 1, Рен 1

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 21.00
Лацио – Зенит 21.00
Табела: Борусија Дортмунд 6, Лацио 5, Клуб Бриж 4, Зенит 1

Група Г:
Динамо Киев – Барселона 21.00
Јувентус – Ференцварош 21.00
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Динамо Киев 1, Ференцварош 1

Група Х:
Манчестер јунајтед – Башакшехир 21.00
ПСЖ – Лајпциг 21.00
Табела: Манчестер јунајтед 6, Лајпциг 6, ПСЖ 3, Башакшехир 3

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија2 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија3 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија3 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет4 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија4 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет5 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет18 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет19 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија20 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие