Спорт
Реал ја стигна Барса на врвот на Ла Лига

По натпреварите од сабота навечер, најголемите ривали во шпанскиот фудбалски шампионат се изедначија, откако каталонците на гости одиграа нерешено со Алмерија а мадриѓаните со пресврт дома ја совладаа Севилја
На првиот ден од 25-то коло на шпанското првенство се случи она што го посакуваа љубителите на фудбалот, Барселона и Реал Мадрид се изедначија на врвот и најверојатно директниот меѓусебен судир годинава ќе решава за шпанскиот првак. Ел Класико ќе се одигра на 10-ти април во Мадрид, а во првиот меч сезонава Барселна на Ноу Камп победи со 1:0Ниту двата гола на Меси беа доволни Барселона да освои само бод против Алмерија. Домашните двапати беа во водство преку Доминго во 12. и со автоголот н Пујол во 57. минута, додека аргентинскиот репрезентативец израмнуваше за Барса во 42. и 66. минута. Каталонците инаку од 70 минута игра без исклучениот Залатан Ибрахимовиќ.Реал, пак, иако губеше со 0:2 со автоголот на Чаби Алносо во 10. и Ивица Дагутиновиќ во 52. минута, потоа преку Кристијано Роналдо во 60., Серхи Рамос во 64. и во втората минута по истекот на регуларниот тек на средбата Рафаел ван дер Варт дојде до победа и до водство на табелата со подобра гол разлика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман: Можеби треба да повикам играчи со послаб квалитет

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година.
Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници.
„Бевеме без двајца-тројца повредени, но ова се најдобрите играчи што ги имаме во Германија. Можеби следниот пат треба да поканиме играчи со послаб квалитет кои ќе дадат се од себе на теренот“, луто го коментираше поразот младиот стручњак.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA