Спорт
Портсмут отпушти 85 вработени
Англискиот фудбалски премиерлигаш које во стечај во сред отпуштил 85 вработени, а најавени се и други стриг мерки за штедење
Стечајниот управник на клубот Ендрју Андроникоу најавил дека некои од преостанатите вработени се согласиле на скратено работно време, а претстојат и догвори за намалување на палтите за админситративнците во клубот.Засега фудбалерите не се опфатени со мерките за штедење, но Андроникоу нагласил дека некои играчи веќе се согласиле на помали плати. Порстмут кој е напоследно место на Премиер лигата и кој сигурно ќе испадне заради тоа што дополнително му беа одземени пбодови заради одењето во стечај е должен повеќе од 70 милиони фунти, а беше тужен од страна на државата за неплатен данок во вредност од 11 милиони фунти.Навивачите на „помпеите“страхуваат дека тоа е само првиот чекор кон гаснењето на клубот кој е основан пред 112 години. Неговиот сегашен сопственик, веќе четврти во последната година, хонхоншкиот бизнисмен Бaлрам Чаинраи безуспешно се обидуваше да го продаде клубот, но засега понуда нема а по одземањето и на минималните шанси за опстанок, најверојатно е дека тешко ќе се најде заинтересиран, бидејќи клубот и досега беше последен на табелата и сега има само седум бодови. Раководството на Портсмут побара од челниците на англиската Премиер лига дозвола за продажба на играчите надвор од преодниот рок за да соберат пари и да го спасат клубот. На продажба тие ги ставија најдобрите играчи, како Дејвид Џејмс, Надир Белхаџ и Кевин-Принс Боатенг. А претходно сосопственикот на англискиот премиерлигаш Вест хем јунајтед, Дејвид Голд, изјави дека е подготвен да му позајми 11,5 милиони евра на финансиски речиси банкротираниот Портсмут.Меѓутоа, раководството на натпреварите во англиската Премиер лига го одби барањето да ги продава играчите пред преодниот рок за да собере пари за враќање на долговите. На Портсмут инаку претходно му беше даден еден рок точно до 16 часот на 17-ти февруари да најде нов сопственик, и да докаже дека е способен да ги отплати кредиторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн стави вето на евентуалниот трансфер на Олисе
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен, стави вето на евентуалниот трансфер, на Мајкл Олисе. Наводно, интерс за Олисе покажал Ливерпул. „Црвените“ веќе сега бараат замена за Мохамед Салах.
„Teamtalk“, пишува дека Французинот е микс од креативност, тактичка интелигенција и е навистина готов производ. Го означиле како идеална замена за Салах, кој и покрај тоа шт има договор до 2027 година, се очекува во летниот преоден рок да го напушти „Енфилд“.
Олисе не брза да се врати во Премиер лигата. Тој играше до 2024 година во Кристал Палас, а во Баерн стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Даде 21 гол и 39 асистенции во Баерн.
Челниците на најтрофејниот германски клуб подготвиле нов договор за францускиот репрезентативец. Доколку ги прифати условите, Олисе ќе потпише со Баерн до јуни 2029 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Феенорд поради Стерлинг го пресели целиот тим во Белгија
Феенорд ќе тренира во следните седум дена во Белгија, наместо во Ротердам, со цел новото засилување Рахим Стерлинг да се вклопи во тимот што е можно поскоро, објавија британските медиуми.
Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за холандскиот клуб минатата недела откако спогодбено се раздели со Челзи, но сè уште не може да тренира или игра во Холандија додека не добие работна дозвола.
Тренерот Робин ван Перси потврди дека тимот ги преместил подготовките во Тубиз, околу 137 километри од Ротердам, токму за да може Стерлинг да тренира со своите нови соиграчи.
„Една од причините е што Стерлинг може да тренира со тимот. Исто така, можеме да работиме на тимската култура. Ова е важно и за Рахим и за процесите низ кои поминуваме“, рече Ван Перси.
Стерлинг, откако го напушти Челзи, разгледа неколку опции, а според извори на Би-Би-Си, околу 18 клубови од Англија и Европа покажале интерес за него пред да се одлучи за Феенорд.
16-кратниот шампион на Холандија моментално е втор на табелата во холандското првенство, 14 бода зад лидерот ПСВ.
Стерлинг постигна 20 гола на 82 натпревари за Англија, но не играл за националниот тим од 2022 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мурињо: Судијата имаше запишано кој играч на Реал не смее да добие жолт картон
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во 85-та минута доби црвен картон. Му следува суспензија, ќто значи дека нема да биде на клупата за една недела, кога Реал и Бенфика ќе го одиграат реваншот. Првиот меч, вчера во Лисабон,з аврпи со победа 1:0 на Реал.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
По натпреварот, тој откри што му рекол на судијата:
„Добив црвен картон затоа што кажав нешто што беше многу јасно. Судијата имаше хартија на која пишуваше „Чуамени, Карерас и Хаусен не смеат да добијат жолт картон“. Само му го кажав тоа. Сите знаеме како стојат работите.“
Foto/ EPA

