Спорт
Околу 5.000 реакции на Пандев – Бугарин
Околу 5.000 писма и телефонски повици за само два дена биле упатени до „Fox Sports“ поради прикажувањето на Горан Пандев како фудбалер од Бугарија
Бројните реакции што биле адресирани до уредниците во спортската телевизија, Сајмон Хил и Аби Харпер стигнале откако веста беше објавена на радиото ZZZ од Мелбурн, кое емитува програма и на македонски јазик.„Од голема помош беше и реакцијата на македонската амбасада која вчера испрати официјален протест“, вели Ицо Најдовски, уредник и водител во радиото ZZZ“, во изјава за Макфакс.Најдовски објаснува дека информацијата за претставувањето на Пандев како бугарски фудбалер на социјалната мрежа Фејсбук ја објавиле двајца студенти од Австралија, потпишани како Стив Главевски и Џим Ферплеј, по што била пренесена во австралиските и македонските медиуми.
Австралиската телевизија Fox Sports официјално се извини што македонскиот репрезентативец Горан Пандев го претстави како фудбалер од Бугарија.„Горан Пандев всушност е член на националниот фудбалски тим на Република Македонија. Ние се извинуваме за ненамерната грешка и искрено жалиме за евентуално предизвиканата навреда“, се вели во извинувањето од страна на телевизијата.Fox Sports на 2 март, во листата на играчи на фудбалскиот клуб Интер, Пандев го прикажа како фудбалер од Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

