Контакт

Спорт

Херта ги рaзгневи своите навивачи

Објавено пред

Десетици разбеснети навивачи на германскиот прволигаш Херта, некои вооружени со метални прачки, втрчале на тревникот на Олимпискиот стадион во Берлин по што играчите одвај успеале да се спасат

Гневот кај навивачите бил предизвикан кога во 26-то коло од германскиот шампионат домашната Херта доживеа пораз од Нирнберг со 1:2 и тоа во судиското продолжение. Мечот се одиграл пред 58 илјади гледачиСо ова Херта останува прикована на последното место на табелата со речиси никакви шанси за опстанок. Осум кола пред крај на првенството Херта е последна со 15 бодови, додека Нирнберг со победа има 24 бодови и е на 15-то место и засега ја избегна зоната која води во понизок ранг натпреварување.Играчите и тренерите на двете екипи во последен момент успеале да побегнат во соблекувалните каде останале се’ додека полицијата не го расчистила метежот. Гневните навивачи својот бес го истуриле врз тревникот, рекламните паноа и клупите за резервни играчи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Атлетико Мадрид имаат неверојатен долг од 999 милиони евра?

Објавено пред

Атлетико Мадрид поставија нов неславен рекорд, откако порталот „Гол“ тврди дека долгот на „рохибланкос“ сега е фантастични 999 милиони евра.

Тие тврдат дека имаат пристап до официјални документи на клубот во кои за крајот на сезоната 2019/20 долговите се зголемиле од 980 милиони на речиси милијарда евра. Според нив, приходите на клубот биле намалени за 32 милиони евра во сума од 325.3 милиони евра, а клубот заработил 100.5 милиони евра преку натпреварувањата (за 7 милиони евра помалку од лани).

Финансиската состојба кај повеќето европски големи клубови е нестабилна поради пандемијата на КОВИД-19 и отсуството на навивачи на трибините, но сепак, овие суми се загрижувачки. Долгот на Атлетико е толку голем поради неодамнешната изградба на фантастичниот стадион „Ванда метрополитано“.

Минатата сезона не беше најдобра за тимот на Диего Симеоне – тие беа елиминирани во четврт-финалето на ЛШ од РБ Лајпциг, загубија рано во Копа дел Реј од Леонеса, а сезоната ја завршија на третото место. Оваа сезона, пак, по победата над Барселона во текот на викендот, тие се блиску до првото место на табелата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барнли, конечно, стигна до првата победа во новата сезона

Објавено пред

Барнли, малиот клуб од северна Англија кој последните неколку сезони беше постојано во топ 10 во англискиот фудбал, го прекина лошиот старт на сезоната со првата победа во деветтото коло во Премиер лигата, обезбеден со минимални 1:0 над Кристал палас.

Тимот на Шон Дајч, дојде во водство уште во осмата минута, кога Крис Вуд ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите за да постигне убав гол. Палас беа без својот најдобар стрелец, Вилфрид Заха, кој непосредно пред мечот имаше позитивен тест на КОВИД-19.

Со победата, Барнли скокнува на 17. место на табелата со 5 поени, оставајќи ги само Вест Бромвич Албион и Шефилд јунајтед како тим без победа во ПЛ. Палас остануваат на 10. место со 13 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибра контра ФИФА 21: Кој сака да заработи пари на мене?

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ влезе во напад на американската компанија за производство на видео-игри ЕА Спортс, тврдејќи дека тие го користат без дозвола неговиот лик во нивната игра ФИФА 21.

„Кој им даде дозволна ФИФА ЕА спортс да го користат моето име и моето лице? ФИФПРО? Не сум свесен дека сум член на ФИФПРО и ако сум таму тогаш некој ме ставил без мое знаење преку некои чудни работи. Сигурно не сум дозволил на ФИФА или ФИФПРО да прават пари користејќи ме мене. Некој профитира на моето име овие години. Време е за истрага“, напиша Златан на Твитер.

Поради сличен конфликт на користењето на ликот, Дејвид Бекам повеќе од 20 години беше отсутен од видео-играта, пред да се врати оваа година по богатиот договор кој го има добиено.

Досега и други фудбалери се лути на ЕА Спортс за нивното вклучување во ФИФА 21, но поради други причини – Ромелу Лукаку се жалеше на ниската вредност за брзина која ја има во играта, додека Сами Кедира јавно побара компанијата да ја смени неговата фризура.

Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет5 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет5 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет5 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија6 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија9 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион10 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа11 час

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија11 час

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион12 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија12 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа12 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион13 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа13 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија14 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет15 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет15 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет15 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие