Спорт
Џон Тери му се извини на човекот што го прегази

Џон Тери, капитенот на Челзи, му се извини на човекот што синоќа го прегази по натпреварот со Интер, во Лигата на шампионите
За да си заминат од Стенфорд Бриџ, синоќа, по натпреварот за Лигата на шампионите против Интер, фудбалерите на Челзи мораа да се пробијат со автомобилите низ фоторепортерите.
Обезбедувањето успеа да направи место за да автомобилот управуван од Џон Тери, кој се возеше со својата сопруга. Но, пробивајќи се низ фоторепортерите и фановите, неговиот Ренџ Ровер удри во ногата на еден од припадниците на обезбедувањето, пренесуваат британските медиуми.
Човекот се здобил само со гребнатина, но од болка седнал на земја. Тери не го забележал инцидентот во моментот, па се одвелоз дома без сопирање. Подоца му било кажано што направил.
Капитенот на Челзи му се јавил на повредениот и му се извинил за ненамерната повреда.
„Џон возеше со 2 км/час, обидувајќи се да стигне до излезот од паркингот, кога неговиот автомобил беше обиколен од фотографи. Тој замина без да биде свесен за инцидентот, но кога му кажавме се јави кај повредениот и му се извини“, вели портпаролот на клубот за Mailonline.
Џон Тери со неговата жена си замина по натпреварот, додека фотографите, во обид да направат што подобра фотографија му го изгребале автомобилот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.