Спорт
Роналдо и Игуаин по двапати за нов успех на Реал
Во последниот натпревар од 28-то коло од шпанското фудбалско првенство, мадриѓаните остварија сигурна победа на гости против Хетафе со 4:2, со што упорно го држат чекорот со најголемиот ривал Барселона
Вечерва Реал самоуверено го реши натпреварот за нешто повеќе од половина час игра. За гостите од Мадрид прецизни беа Кристијано Роналдо во 13. и 37. и Гонзало Игуаин во 20. и 23. минута. Хетафе го ублажи поразот со головите на Даниел Парехо во 38. и Педро Леон во 80. минута.Со оваа победа Реал повторно е на врвот од првенствената табела со 71 бод, колку што има и Барселона, но за два гола послаба гол разлика. Каталонците пред своите навивачи вчера се намачија и дури во финишот на мечот со головите на Златан Ибрахимовиќ во 73. и Бојан Кркиќ во 88. минута успеаја да го скршат отпорот на Осасуна. Во другите натпревари од ова коло во шпанската Примера, Вајадолид-Еспаљол 0:0, Тенерифе-Вијареал 2:2, Расинг Сантандер-Мајорка 0:0, Алмериа-Реал Сарагоза 1:0, Спортигн Хихон-Депортиво Ла Коруња 2:1 и Севиља-Ксерез 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

