Спорт
Рибери сведок во секс скандалот?!

Едено од најдорбите француски фудбалери во понеделник дал исказ пред полицијата во врска со скандалот на користење сексуални услуги од малолетни проститутки, во кои севмешан и уште двајца француски репрезентативци
Од адвокатската акцнеларија која го застапува Франк Рибери, во понеделник попладне до француските медиуми е испратено соопштение дека фудбалерот е истпитуван во својство на сведок и, како што се цитира „случајот е завршен што се однесув адо нивнито клиент“.Во француските медиуми се наведува дека за истиот случај во полицијата бил испрашиван и напаѓачот на Лион, Сидну Гуву, кој наводно негирал дека воопшто го посетувал локалот во Париз во кој се собирале проститутки. Француските медиуми во понеделник ја коригираа информацијата дека уште еден француски репрезентативец е поврзан со истиот скандал. Според нив, станува збор за уште двајца членови на “триколорите“ кои се внешани во истата афера, а наводно едниот го признал односот со малолетничка, но се правдал дека не знаел колку години има таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.