Спорт
Робен го носи Баерн поблиску до финалето

Баерн Минхен, преку одличниот Робен славеше синоќа против слабиот Лион со 1: 0 во првиот натпревар од полуфиналето во Лига на шампиони
Холанѓанецот, Робен, со удар од 25 метри, откако се ослободи од неговиот чувар во ситуација еден на еден, ја затресе мрежата на Французите. На пат кон голот, топката го почеша робеновиот соиграч, Томас Милер, токму толку за да го измами гостинскиот голман, Лорис. Баерн играше одлично, од почетк до крај на натпреварот, но сепак за нивната победа и играчите и трентот Луис ван Гал треба да му се заблагодарат на непромислената игра на противничкиот тим. Исто како што беше случајот со Рафаел да Силва во четвртфиналниот натпревар против Манчестер Јунајтед, кој со своето непотребно исклучување го предизвика заминувањето на Баерн во пполуфинале, овој пат за Баерн, најдобар потег „одигра“ играчот на Лион, Џереми Тулалан. Во само три минути од 51-та до 54-та минута, репрезентативецот заработи два жолти картони, кој од кој понаивен. На Баерн тоа му беше добредојдено затоа што играа со играч помалку откако во 37 -та минута беше исклучен Френк Рибери поради преопасен старт над Лисандро Лопез. Го нагази аргентинецот на зглобот многу непромислено, а италијанскиот судија не можеше да му прогледа низ прсти. Баерн беше подобар тим и пред исклучувањето на Рибери, по тоа, па и по исклучувањето на Тулалалн. Лион изгледаше како воопшто да не е во форма. Баерн Минхен беше воден низ играта од најдобрите играчи оваа сезона, Арјен Робен. Играчите на Лион кои патуваа 800 километри со автомобили до Минхен имаат среќна околност што натпреварот во првенството против Монако, следната недела е одложен, а Баерн игра во сабота против Борусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.