Спорт
СП Чиле 1962

Седмото Светско првенство во фудбал на Бразил му ја донесе втората титула. Тоа се случи во Чиле во 1962 година, кога Бразил ја порази Чехословачка во финалето со 3:1
Дури 56 репрезентации учествуваа на квалификациите за ова Светско првенство. Тие се наптреваруваа за 16, поточно 14 места во завршниот турнир, затоа што на Чиле како домаќин и на Бразил како шампион им беше загарантирано учеството. На четирите најслаби конфедерации, Северна Америка, Централна Америка, Африка и Азија не им беше загарантирано учеството, па мораа да играат по еден натпревар со европска или јужноамериканска екипа. Форматот на натпреварување не беше сменет, а 16 тимови беа поделени во четири групи, со Англија, Бразил, Италија и Уругвај како носители. Две години порано, во 1960 година, Чиле доживеа разорен земјотрес, со магнитуда од 9.5, па оштетени беа многу инфрастуктурни објекти, но со државни напори и помош од Карлос Дитборна, претседателот на организациониот одбор, игрите непречено се одвиваа.Првиот круг на натпревари го одбележаа грубости, а Пеле се повреди уште на првиот натпревар против Чехословачка. Сепак најгруба игра имаа Италија и Чиле, а мечот е наречен „Сантјашка битка“. Двајца италијански играчи изнесени се од теренот на носилки, а на крај полицијата морала да ги изнесе останатите репрезентативци на Италија. Поради неочекуваниот успех на домашната екипа, прераспределени се натпреварите, па Југославија играла во Вина дел Мар, против Чехословачка, и изгубила со 1:0, пред 6.000 гледачи, а Бразил, пред 76.600 навивчи, ја елиминира домашната репрезентација, Чиле со 4:2. Финалниот меч се играл во Сантјаго на стадионот Национал, пред 69.000 гчедачи. Бразил повторно бркал резултат, затоа што пред крај Чехословачка поведува со 1:0, но две минути подоцна Бразил изедначува. Зито и Вава се погрижиле за крајниот резултат од 3:1.Бразил освојува титула без Пеле кој е повреден. Златната копачка ја делат дури шест играчи: Гаринча и Вава од Бразил, Санчез од Чиле, Алберт од Унгарија, Валентин Козмич Иванов од СССР и Дражен Јерковиќ од Југославија, сите со по четири постигнати погодоци. Драгослав Шекуларац од југословенската репрезентација е најдобриот играч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.