Контакт

Спорт

Србија со чудесно полувреме подобра од Камерун

Објавено пред

Српската репрезентација во меч со многу голови и со целосен пресврт во првото полувреме ги совлада силните Камерунци, додека Италија ремизираше со Швајцарија на гости

dobivaj vesti na viber

На поранешниот Стадион на ЈНА наместо на белградска „Маракна“ каде репрезентацијата најчесто ги игра своите мечеви, Србија со 4:3 го совлада Камерун. Според белградките медиуми, вкавата одлука била донесена за да биде наполнет помалиот стадион по слабите игри на Србија во последните подготвителни натпревари. Камерунците поведоа во голот на Пјер Вебо во 4, минута, по што изедначи во 16. Милош Красиќ што е првиот гол на српската репрезентација на последните три меча, а Вебо повторно ги доведува гостите во водство по четири минути, во 20-та минута. Во следните пет минути Дејан Станковиќ изедначи во 25. минута, а потоа Ненад Милијаш од пенал го донесува првото водство за Србија во 44 минута, а Марко Пантелиќ во следната 45. минута зголемува на 4:2.Во второто полувреме по „хокеарските“ измени на двајцата селектори, играта изгуби на темпо и стана помалку интересна а за одбележување е само голот на Ерик Максим Чупо-Мотинг во 65. минута.Треба да се одбележи дека на овој подготвителен натпревар Камерун настапи без двајцата клучни играчи. Самуел Ето од европскиот и италијански шампион Интер, заради црвениот картон што го доби на пријателскиот меч против Португалија и ветеранот во одбраната Ригобер Сонг. На голот не беше ни досега стандардниот голман Идрис Карлос Камени. Камерун на СП ќе игра во групата со Холандија, Данска и Јапонија.Кај Србија во одбраната не настапи Немања Видиќ од Манчестер јунајтед, кој има зголемена температура. Камерун вечерва беше во улога на Гана со која Србија се среќава на првиот меч од СП, во групата во која се уште и Германија и АвстралијаВо другите вечерашни подготвителни мечеви на учесниците на мундијалот кој почнува за шест денови, Италија одигра нерешено на гостувањето во Швајцарија 1:1.  Во Женева поведоа домаќините во 10. минута преку Ѓокан Инлер а „аѕурите“ изедначија во 15. минута со голот на Фабио Кваљрела. ШВајцарија игра во групата Х со Шпанија, Хондурас и Чиле, а Италија во групата Ф со Солвачка, Нов Зеланд и Парагвај. Противникот на Швајцарија, Хондурас беше високо поразен како домаќин од Романија со 0:3,  За Романците головите ги постигнаа Николае во 17., Флореску во 45. и Радоју во 75. минута од пенал. Вечерва подготвителен меч одигра и Алжир во кој со 1:0 ги совлада Обединетите арапски емирати со голот на Карим Зиани во 57 минута од пенал. Алжир е во групата Ц со Англија, САД и Словенија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Престијани пред УЕФА: Го нарекол Винисисус пед.р, а мајмун

Објавено пред

За неколку дена инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, во Лигата на шампионите ќе добие епилог. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престијани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килијан Мпбапе за расизам.

Ѕвездите на Реал тврдат дека Престијани го нарекол Винисисус „мајмун“, додека Агрнтинецот изјави дека му рекол на Бразиелцот дека е „пед.р“.

Според „ESPN“, Престијани во своето обраќање до УЕФА изјавил дека не употребил расистичка навреда, туку хомофобна, тврдејќи дека употребил навредлив термин за сексуална ориентација, а не расистичка навреда.

Сепак, без оглед на формулацијата, дисциплинската рамка е јасна. Член 14 од Дисциплинските прописи на УЕФА предвидува идентичен опсег на казни за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација.

„Секое лице или субјект кој го навредува човечкото достоинство на поединец или група по која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, ќе биде суспендиран најмалку десет натпревари или одреден временски период, или ќе му биде изречена друга соодветна санкција“, се наведува во правилникот.

Во пракса, ова значи дека секоја разлика во видот на прекршокот не ја менува сериозноста на дисциплинската постапка – и расистичките и хомофобичните испади подлежат на иста минимална казна.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Договорот е конечен, Зинедин Зидан се враќа

Објавено пред

Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на Франција.

dobivaj vesti na viber

Фабрицио Романо повтори дека Зидан ги договорил сите услови со Француската фудбалска федерација и дека практично сè е усно завршено, додека потпишувањето ќе следи во текот на летото.

Дидие Дешан ќе ја предводи Франција на Светското првенство во 2026 година, со што ќе го заврши своето неверојатно патување кое траеше 14 години.

Дешан ја презеде Франција во летото 2012 година, го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, загуби две големи финалиња, на Европското првенство во 2016 година против Португалија и на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Што се однесува до Зидан, ова ќе биде неговата прва работа откако го напушти Реал Мадрид по неговиот втор мандат.

Зидан го предводеше Реал во два наврати, од јануари 2016 година до летото 2018 година, а во тој период освои дури три Лиги на шампиони, а потоа се врати во март 2019 година и остана на клупата до летото 2021 година, оттогаш е невработен.

Тој никогаш не криел дека позицијата селектор е неговиот најголем сон, а во меѓувреме одбил бројни клубови како што се: Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бетис има неверојатни дресови, направени се од портокал

Објавено пред

Фудбалерите на Бетис, попладнево ќе го пречекаат Рајо Ваљекано во специјално изработени дресови направени од кора од портокал и рециклиран материјал. Бетис сака да ја подигне свеста за важноста на борбата против климатските промени, сето тоа во денови кога Андалузија се соочува со разорни дождови.

dobivaj vesti na viber

„Животот во зелено започнува во соседството“, тоа е мотото под кое Бетис ги претстави дресовите што ќе ги носат овој викенд во Севилја.

„Ова е првиот фудбалски дрес направен од портокали. Дизајниран е за да го истакне природното наследство на нашиот град и да испрати порака за високите температури и потребата од подобар квалитет на живот во урбаните средини“, објасни портпаролот на проектот Мерцедес Џеламо Мена.

16 проценти од дресот е направен од портокалови влакна. Остатокот е комбинација од рециклиран полиестер и дрвена пулпа, суровина добиена со сечење дрвени влакна.

Броевите на зелено-белите дресови ќе бидат портокалови и направени со боја без хемикалии која, кога ќе се изгребе, испушта мирис на цвет од портокал.

„Целта е нашата порака не само да се види, туку и да се почувствува“, обајавија од Бетис.

Шпанија беше погодена од девет обилни дождови само во последните два месеци, од кои најсилни беа во јужна Андалузија. Бурите предизвикаа ненадејни поплави, имаше поплави и околу 11.000 луѓе беа евакуирани. Две лица ги загубија животите.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 минути

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија22 минути

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија28 минути

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет3 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет3 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион16 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет18 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет20 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ20 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ20 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија21 час

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија23 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија24 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет1 ден

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...