Спорт
Денес почнува 19то Светско првенство во фудбал
По 80 години исчекување Мундијалот пристигна во Африка. Црниот континент ја доби шансата, а најјужната африканска држава ќе биде центарот не само на фудбалското, не само на спортското, туку на светското внимание
Од денеска, па во наредните 31 ден најважната споредна работа на светот станува најважната работа на планетата. Речиси три години беа потребно да се одберат кои се најдобрите 32 репрезентации кои ќе се борат за најпосакуваниот трофеј во светот. Светските квалификации започнаа уште во август 2007 г., а дури 204 од вкупно 208 земји членки на светската фудбалска федерација (ФИФА) се пријавија да се борат за место меѓу најдобрите. Овој број на земји кои се најдоа во квалификациите е поголем за 12 земји од бројот на државите кои се дел од Обединетите Нации.
Квалификациите за СП 2010 завршија на 18 ноември 2009 г., односно две години и три месеци по одигрувањето на првиот меч. На крајот се одиграа вкупно 848 меча во сите квалификациони зони, а беа постигнати вкупно 2.337 голови, за да се најдат најдобрите 32 репрезентации кои доаѓаат од шест континенти на светот.Безбедноста ќе биде главниот проблем со кој ќе треба да се соочи домаќинот. Земјата во која стапката на криминалот е на високо ниво, во која на помалку од една минута има по едно силување и голем број на убиства. За безбедноста на првенството ќе се грижат дури 41.000 полицајци, од кои 31.000 се во редовна служба, а 10.000 се од резервистите. Покрај големиот број на полицајци, беа инвестирани и над 150 милиони долари за купување на најнова техника и технологија. Беа купени нови хеликоптери, водени топови за бркање на разгневена толпа, 100 БМВ возила за патролирање и најмодерна опрема.По 63 одиграни меча, на 11 јули во Јоханезбург ќе останат двете најдобри селекции, а победникот ќе ја има честа да го крене најпосакуваниот, највредниот и најзначајниот трофеј во историјата на фудбалот, „богињата“. Тој што ќе го освои овој трофеј во следните четири години ќе биде светски фудбалски владетел.
Фудбалот може да почне!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

