Спорт
Светското фудбалско првенство во бројки
На СП ќе играат 32 селекции со по 23 фудбалери, или вкупно 736 играчи од 298 клуба од 52 национални фудбалски лиги
Убедлив лидер е Англија со 118 играчи, пред Бундеслигата со 84, па Серија А – 80, Ла Лига – 59, Лига 1 во Франција – 45. Од земјите што не се учесници на СП, а клупски се претставени, Русија води со 14, Турција има 13, Шкотска 10, Белгија 7, Израел 6. Во сево ова, три селекции се чисто домашни, Англија, Германија и Италија. А, само Србија има 23 фудбалери од 23 различни тимови.
Клупски, најмногу претставници имаат Барселона и Челси и тоа еден цел тим со две замени (по 13), следат Ливерпул со 12, Баерн Минхен со 11, а двоцифрени се и Арсенал, Интер, Панатинаикос, и Реал Мадрид. По девет имаат Милан, Евертон, Манчестер јунајтед. Челси ќе имаше најмногу, буквално цел тим за протокол, но повредите на Михаел Балак, Микаел Есиен, Џон Оби Микел, како и неизвесноста за настапот на Дидие Дрогба ги сведоа „сините“ на еднаква бројка со Барселона.
Најстар тим на Мундијалот е Бразил и тоа со 29 години и 165 дена, а следат Англичаните со 29 години и 153 дена. Од друга страна, најмлад тим е тој на Гана со 24 години и 72 дена.
Србија е највисока во просек со 186 сантиметри, а Никола Жигиќ е највисок фудбалер со 202 сантиметри. Најнизок, пак, е Арон Ленон со 165 сантиметри, а најниска селекција е Чиле со просек од 176,5 сантиметри. Најтешки се Словенците со 80 килограми, а втори се Србите за 300 грама полесни.
Најстар фудбалер е голманот на Англија, Дејвид Џејмс со 39 години и 86 дена, додека најмлад е Кристијан Ериксен од Данска со 18 години и 315 дена. Ова значи дека рекордот на Роже Мила за најстар стрелец ќе остане до Бразил 2014, затоа што прво Џемјс е голман, а второ недостижни се 43 години со кои Мила даде гол во САД.
Како по обичај битката за титулата ќе се води меѓу двата најфудбалски континенти Европа и Јужна Америка. Досега, меѓусебе двата континенти одиграле 187 меча, а Јужноамериканците се подобри со 81 победа додека Европа победила 71 меч, а 45 пати ремизирале. Во титули, Јужна Америка – Европа е 9-9.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

