Спорт
Италија се посрамоти и се спаси
Италијанците вообичаено слабо стартуваат на мундијалите, но вечерва во Кејптаун едноставно се извадија
Актуелниот светски првак се посрамоти на отворањето на натпреварите во група Ф. Јужноамериканците докажаа дека доаѓаат од континент каде фудбалот се сфаќа најсериозно и играњето за националниот како посебна чест. Мечот освен што во него светскиот шампион беше на колена и можеше да се случи сензација, што според односот на теренот, и не ќе беше толку големо изненадување, не пружи некој особен фудбал. Но веќе сме свикнати Италијанците во првите натпревари во фазата по групи да се провлекуваат а потоа и со зихерашка игра во нокаут фазата да дојдат до самата завршница. Парагвајците во рамките во на својот рејтинг и можности со многу смелост и пожртвуваност влегоа во мечот, но и покрај за нив големиот резултат и испуштената можност може да се констатира дека сепак се екипа која треба да вложи многу за да се квалификува натаму. Мечот во Кејптаун почна со иницијатива на Италијаните, но фудбалерите на Парагвај парираат успешно на нападите. Италијанците првиот поопасен удар кон противничкиот гол го упатија дури во 21. минута кога по корнер на Парагвајците изведоа корнер а Мотовило ја зема во топката и во контра напад шутираше до 25 метри но се чини многу прерано и неподготвено зашто топката одвај се дотркала до парагвајскиот голман Хусто Виљар. На ист начин веќе следната минута возврати Парагвај кога Торес шутираше од голема далечина но од многу поволна позиција, но не беше прецизен. До 39. минута нема што посебно да се одбележи, а тогаш Торес изведува слободен удар од 40 метри, нафрлената топка со глава во висок скок меѓу Де Роси и Канаваро ја зафаќа Алказар и ја затресе мрежата на Буфон, На полувремето светскиот фудбалски шампион Италија оди во соблекувалната посрамена, уште полошо со игра која не е ниту просечна. Липи на полувремето е принуден да изврши измена на Буфон со Марчети, заради повреда, па со оскудни можности „аѕурите“ го почнаа второто полувреме во кое требаше да се вложат огромни напори да се сврти натпреварот и играчки и резултатски во своја полза. Бидејќи се’ уште во италијанските редови не одеше како што треба, а во 54. минута Вера промашува голема шанса за Парагвајците, Марчело Липи ја прави втората измена, најверојатно претходно планирана, и во игра го внесува Каморанези на местото од Марчети. Во 63. минута парагвајскиот голман Виљар несмасно реагира по корнерот на Пепе а Де Роси без проблеми ко користи овој подарок за израмнување и голема радост на Италијанците. На 20 минути пред крајот на мечот, во редовите на Парагвај влегува ветеранот од Премиершип, Роке Санта Круз, што окажува дека парагвајската репрезентација чувствува дека вечерва е историската шанса да се победи еден светски фудбалски великан како што е вечерва несигурната Италија. Меѓутоа, последните десет минути од мечот италијанските репрезентативци направија неколку можности од кои сериозно можеа да го загрозат голот. Во 82. шутот на Монтавиљо, Виљар чија грешка ја спаси Италија го одбрани овој удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договор која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.
Спорт
Саудискиот нафтен гигант стана глобален партнер на ФИФА
Саудискиот нафтен гигант Арамко ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на 2027 година, објави ФИФА.
Договорот, чија сума не беше објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.
Саудиска Арабија, богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.
Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2023“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафтата.
„Ова партнерство ќе и помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 членки низ светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Спорт
(Видео) На Хезоња му „пукна филмот“, упати жестоки пцовки кон судијата Пукл
Реал Мадрид поведе со 2-0 во четвртфиналната серија против Басконија. Победата 101:90, мина во сенка на исклучувањето на нервозниот Марио Хезоња.
На три минути до крајот на натпреварот, во ситуација кога Реал имаше комотна предност од 93:77, по еден дуел Хезоња се најде на паркетот, побара фаул, не го доби, а потоа почна да му се жали на словенечкиот судија Саша Пукл.
Судијата поради бурниот протест му додели техничка, а откако Хезоња продолжи, му даде уште една.
Хезоња седна на клупата, а кога му покажаа дека мора да ја напушти салата му „пукна филмот“. Тогаш капитенот на хрватската репрезентација испука канонада од навреди кон судијата Пукл.
Една по друга се редеа пцовките кои ги забележа камерата.
Ќе биде интересно да се види каква казна го чека Хезоња со оглед на она што го кажа, а што Пукл сигурно добро го разбра. Прашање е и што судијата внел во записникот.
Expulsion de Mario Hezonja qui a probablement donné des nouvelles du pays aux arbitres ! #EveryGameMatters #SkweekLive pic.twitter.com/8hR3oe8M5K
— The Upset Media (@TheUpset_media) April 25, 2024