Контакт

Спорт

Данска и Камерун го одиграа најдобриот меч на СП

Објавено пред

Данска го совлада Камерун со 2:1 и ги задржа своите шанси да се пласираат во продолжението на мундијалот, додека нивниот вечерашен противник кој играчки не се посрамоти веќе резервираше повратна карта

dobivaj vesti na viber

Камерун и Данска го одиграа фудбалски најсодржајниот натпревар во досегашниот тек од Светското првенство во Јужна Африка. Ситуацијата во групата наложи и двете репрезентации да тргнат на победа, откако беа поразени во претходното коло против Холандија и Јапонија. Трите бода за двете екипи беа многу важни пред последните мечеви во кои Данска сепак во Јапонија има поповолен противник.Камерун играчки не разочара, имајќи предвид дека првиот меч вообичаено сите репрезентациите го играат променливо. Но факт е дека „африканските нескротени лавови“ немаа среќа особено во завршницата на акциите. Можеби нетрпеливоста меѓу постарите генерации од камерунската репрезентаија кои постојано го критикуваа Самуел Ето пред почетокот на Светското пренство предизвика нервоза во редовите на екипата во Јужна Африка, што се одрази во премиерниот меч против Јапонија што се покажа како решавачки за елиминација на досега најуспешната африканска репрезентација на светските фудбалски првенства. Знаејќи го тоа Камерунците уште во првата минута по проигрувањето на Ето и Екото се обидоа да го загризат голот на Данска, а Ето неколку минути подоцна бие од 22 метри во долниот десен агол, но данскиот голман Соренсен не киксира на млакиот шут. Само по две минути Полсен го вработува Ромедал кој беше еден од централните играчи вечерва на својот тим, кој сепак откако изби само пред камерунскиот гол не успеа да го надмудри противничкиот голман. А набрзо во 10. минута греши и данската одбрана откако Соренсен во грб му ја додаде топката на Полсен кому Вебу му ја украде на 20 метри од голот по што непречено го проигра Ето кој лесно го доведува Камерун во водство. По три минути Камерун преку Екото се обидува да го зголеми водството, но за малку е непрецизен. Следи напад на Данска по кој е изнуден само корнер, но веќе нејзината одбрана заигрува поцврсто и помирно што му овозможува на нападот се’ почесто да го загрозува противничкиот гол. Во овој период се играше со многу шутеви на двете страни. А во 33, минута повторно Ромедал е во центарот на вниманието откако влезе од десно во камерунскиот петерец и ја сврти кон Бендтнер кој со лизгачки старт ја втурна топката во небранетата мрежа. До крајот на полувремето Ромедал повторно му подготви одлична можност на Томасон, чиј шут беше во последен момент блокиран од Сонг, а веќе во следната минута во еден напад Камерун пропушта стоотстотна шанса, кога Ето ја погоди стативата а потоа Емана иако беше сосема сам биеше многу блиску крај голот на Соренсен. Вториот дел продолжи со исто темпо и се оправдува констатацијата дека го следевме најдобриот натпревар во досегашниот тек на Светското првенство. Камерун повторно од почетокот ја презема иницијативата и се редат изгледни прилики на Ето, Емана и Екото.Уште во 46 минута Ето избори корнер по десната страна а по корнерот со глава шутираше Мбиа но Соренсен беше на место, а три минути подоцна опасниот шут на Екото со лизигачки старт го спречува во последен момент Јенсен. Следните десет минути минуваат во наизменични опасни напади од двете страни на кои им недостига само прецизна завршница/ Клучен се покажа моментот  во 61. минута кога камерунскиот напаѓач Вебо од десетина метри стрелаше право во Соренсен, а од брз против напад Бендтнер одлично го проигрува Ромедал по десната страна, а овој го измами Макоун и шутираше прецизно во спротивниот долен агол од голот на Сулејмани. Камерунците кои губење на мечот значеше и дефинитивно заминување од мундијалот, преземаа силен пресинг кон шеснаесетникот на Данска, која свесно се повлекува обидувајќи се со брзи контри да го реши мечот. Така, Јон Дал Томасон во 71. минута можеше да биде трагичар на мечот кога одличната топка од Ромендал само ја додаде до Сулејмани. До крајот на мечот, Камерунците тргнаа целосно во напад барајќи брзо израмнување но Ето, помогнат од Емана, Екото, Идризу, Макуон и Абубкар немаа среќа и присебност во завршницата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Почина газдата на Фиорентина, Роко Комисо

Објавено пред

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина на 76-годишна возраст, соопшти клубот од Фиренца.

dobivaj vesti na viber

„Со голема тага и заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаелина, објавуваме дека претседателот Роко Комисо почина. По долга борба со болеста, тој нè напушти утрово“, се вели во соопштението, пренесува Анса.

Комисо почина во САД, каде што живееше. Комисо, Италијанец натурализиран Американец, е роден во Марина ди Џоцо Јоника (Калабрија) на 25 ноември 1949 година.

Тој е сопственик на Фиорентина од летото 2019 година. Под негово водство, клубот од Фиренца стигна до две финалиња на Конференциската лига и едно финале на Купот на Италија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).

dobivaj vesti na viber

Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.

Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.

Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.

Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.

Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.

Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Тер Штеген пред трансфер во Џирона

Објавено пред

Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

dobivaj vesti na viber

Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.

Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.

Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт12 часа

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет15 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет16 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија18 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија19 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија21 час

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија22 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет22 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ22 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија2 дена

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...