Спорт
Десет најголеми изненадувања на мундијалите
Денешното изненадување што го постигнаа фудбалерите на Нов Зеланд против актуелниот светски првак Италија претставуваше првокласно изненадување на мундијалот и е вброено како деветто од десетте најголеми изненадувања на светските првенства
Прво рангиран е мечот Северна Кореја – Италија 1:0, од 19 јули 1966 г., во Англија. За многумина ова е најголемото изненадување на светските првенства и воедно една од најголемите спортски сензации во фудбалот. Италијанците тогаш биле водени од легендите Џакинто Факети, Сандро Мацола и Џани Ривера, но севернокорејците славеле со голот на Пак До-ик. „Аѕурите“ на тој мундијал биел елиминирани уште во натпреварите по групи а Северна Кореја се пласирала во четртфинале во кое против Португалија повела со 3:0, но сепак противниците предводени од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Еузебио победиле со 5:3.Втора мундијалска сензација е мечот САД – Англија 1:0 на 29 јуни 1950 г., во Бразил со голот на Хаитјанинот Џо Гаетјенс. Тој меч се смета за голема одмазда на поранешната колонија против нацијата „што го измисли фудбалот“ и која дотогаш потценувачки не се појавувала на светските првенства умислена во својата фудбалска супериорност. Американците овој резултат го сметаат за една од своите најголеми спортски победи воопшто, додека за Англичаните претставува најголема фудбалска и спортска срамот. За овој меч е врзана една анегдота, кога англиски весник сметал дека станува збор за телеграфска грешка објавил дека Англија победила со 10:1.Третото изненадување го направи африканска репрезентација, и тоа е од понов датум. Камерун – Аргентина 1:0 на 8 јуни 1990 г. во Италија. Стрелец на голот бил Омам Бијик, а на „гаучосите“ не им помогна ниту актуелниот селектор и во тоа време најдобриот фудбалер на светот според многумина и на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Победата на Камерунците можеби заслужува да биде и прво рангирана, бидејќи тие до големата победа дојдоа и покрај тоа што мечот го завршија со девет играчи откако беа исклучени Андре Кана Бијик и Бенџамин Масинг. Но потоа Аргентина стигна до финалето во кое загуби од Германија, додека Камерун беше поразен во четвртфиналето против Англија со голема помош на судиите.Четвртата мундијалска сензација повторно ја приредија Африканците, кога Сенегал ја совлада Франција со 1:0 на 31 мај 2002 г. во Јужна Кореја. Стрелец на погодокот беше Папа Боуба Диоп. За овој меч е интересно што Франција го одигра како актуелен светски шампиона, а сите сенегалски репрезентативци играа во француски клубови и беа водени од Французинот Бруно Метсу. Петто изненадување е финалниот меч Западна Германија – Унгарија 3:2 од 4 јули 1954 г. во Швајцарија. Тогаш Унгарците биел предводени од тогаш најдобриот светски фудбалер Ференц Пушкаш и немале загубено меч цели четири години. Во натпреварите по групи Унгарија славела дури со 8:3, а во финалето воделе со 2:0, но Германците тогаш ја „патентираат“ нивната упорност до крајот на мечот правејќи целосен пресврт. Германската победа во фудбалските анали е позната како „чудото во Берн“, додека пак тој тим на Унгарија е прогласен за „најдобрата репрезентација која никогаш не ја освоила светската титула“. Шеста сензација е мечот Бразил – Уругвај 1:2 од 16 јули 1950 г. во Бразил. Ова е најтешкиот односно најболниот пораз што „кариоките“ кога и да е го доживеале. Финалето се играло пред досега ненадминат број гледачи за спортски натпревар од 200 илјади домашни навивачи на фудбалскиот храм „Маракана“ во Рио де Жанеиро и се’ било подготвено за голема прослава и освојување на светската титула. Но иако Бразил повел, Уругвај славеше до 1:2 и оваа победа што се донесува до јужноамериканските фудбалски ривалитети може да се спореди со победата на САД против Англија. Куриозитет е тоа што според тогашниот формат на Светското првенство на Бразил за титулата му бил потребен и само нерешен резултат. Седмото мундијалско изненадување го приреди на домашен терен Шпанија на 25 јуни 1982 г. кога беше поразена од аутсајдерот Северна Ирска со 1:2. „Црвената фурија“ и нејзините фанатични навивачи очекуваа убедлива победа но беше шокирана од голот на Гери Армстронг.Западна Германија на листата на најголеми изненадувања се наоѓа и во обратна негативна смисла на осмото место. Исто така во Шпанија на 16 јуни 1982 г. Алжир со 2:1 ја совлада тогашна Западна Германија. Германците на Светското првенство дојдоа како европски прваци а тогаш разликата во квалитетот меѓу фудбалот во Европа и Латинска Америка се’ уште е многу голема. На Алжир, пак тоа му беше историскиот прв натпревар на Светските фудбалски првенства а национален јунак по мечот стана Рабах Мадџер. Ова беше прв мундијал на кој учествуваа национални селекции од сите шест континенти. Германија на крајот сепак дојде до финалето каде со 1:3 беше поразен од Италија. Денешниот резултат Нов Зеланд – Италија 1:1 Од 20 јуни 2010 г. во Јужна Африка е деветтиот изненадувачки резултат во историјатот на светските фудбалски првенства. На Нов Зеланд како 78 рангиран тим според ФИФА официјално на овој мундијал му беа дадени најмалку шанси да ја освои титулата за разлика од Италија која на првото светско првенство кое се одржува на африканскито континент дојде како актуелен шампион. Листата топ-тен најголеми мундијалски изненадувања ја затвора мечот Ирска – Италија 1:0 од 18 јуни 1994 г. во САД. Тоа е една од најголемите ирски фудбалски победи. Ирците на стадионот „Џајантс“ во ИСт Ратхерфорд во Њу Џерси играа како на домашен терен. Голот во 12. минута го постигна Реј Хоуфтон. Но Италија на ова светско првенство и покрај изненадувачкиот пора во првиот меч на првенството стигна до финалето каде на пенали беше поразена од Бразил. Ирска, пак, беше елиминирана во осминафиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Зимските олимписки игри отворени со свечена церемонија во Милано
Вечерва на стадионот „Сан Сиро“ во Милано започна свечната церемонија на отворањето на 25-тите Зимски олимписки игри наречена „Хармонија“.
На Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо, кои ќе траат до 22 февруари, ќе учествуваат 2.871 спортисти од 92 олимписки комитети.
За време на церемонијата, планирани се специјални музички изведби на американската пејачка Мараја Кери, како и италијанските уметници Лаура Паузини и Андреа Бочели.
На самиот крај од церемонијата, ќе бидат запалени два олимписки пламени – едниот ќе биде во Милано, во близина на Арко дела Паче, еден од најпрепознатливите симболи на градот, а другиот во Кортина д’Ампецо, на плоштадот Пјаца Дибона, центарот на познатиот планински град.
Спортистите ќе се натпреваруваат за медали во 116 натпревари во 16 дисциплини.
Ова ќе бидат третите Зимски олимписки игри и четвртите Олимписки игри што се одржуваат во Италија, додека Кортина д’Ампецо веќе беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1956 година.
Овогодинешните ЗОИ ќе бидат први во историјата што официјално ќе бидат организирани во два града – Милано и Кортина д’Ампецо.
Милано ќе биде домаќин на натпревари во спортови во затворен простор и на мраз, додека други натпревари ќе се одржат во спортски кластери околу Кортина, како и во долините на Валтелина и Фијема.
За прв пат, скијачкото планинарење ќе биде вклучено во Олимписката програма, а ова ќе бидат и првите Игри што ќе се одржат за време на мандатот на новата претседателка на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри.
Олимписките комитети на Русија и Белорусија се суспендирани поради кршење на Олимпиското примирје поради руската инвазија на Украина во 2022 година.
Како и на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, спортистите од Русија и Белорусија ќе можат да учествуваат во индивидуални спортови како „индивидуални неутрални спортисти“ во Милано и Кортина.
Се очекува Бенин, Гвинеја-Бисао и Обединетите Арапски Емирати да го имаат својот прв настап на Зимските олимписки игри.
Најголемата делегација на Олимписките игри во 2026 година е делегацијата на Соединетите Американски Држави, која има 233 спортисти, по што следуваат Италија со 196, Германија со 189, Швајцарија со 175 и Франција со 162 учесници.
Церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри ќе се одржи на 22 февруари во „Верона Арена“, под името „Убавина во движење“.
Покрај културно-уметничката програма, церемонијата ќе вклучува завршни говори и официјално предавање на знамето на домаќинот на Француските Алпи, кои ќе бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2030 година.
На италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони ќе им се придружат околу педесет крунисани личности, шефови на држави и влади, заедно со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано, објави Анса.
Францускиот претседател Емануел Макрон нема да биде присутен, а како причина ги наведе претходно закажаните обврски, негирајќи дека нема да присуствува за да не седи до потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, и наведувајќи дека станува збор за „лажни вести“, објави агенцијата.
На церемонијата му претходеше прием во Кралската палата организиран од претседателот Серџо Матарела за шефовите на држави и влади кои ќе присуствуваат на отворањето на Олимписките игри.
Претходно, премиерот Ѓорѓа Мелони се сретна со американскиот потпретседател Венс во Милано, заедно со државниот секретар Рубио и министерот за надворешни работи Тајани.
Фото: ЕПА
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos

