Контакт

Спорт

Бразил ја врати вербата во првенството

Објавено пред

Во натпреварот во второто коло од Групата Г, „селекао“ во Јоханесбург сигурно го совлада Брегот на слоновата коска со 3:1 со што практично си го обезбеди осминафиналето

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа што Бразил убедливо резултатски се зацврсти на првото место во групата, неговите фудбалери пружија игра достојна на мундијал и на фаворит за освојување на титулата. Интересниот ден во Јужна Африка беше заокружен со овој вечерен меч во кој проследевме убав фудбал, со смислени акции, проигрувања и голови, се разбира по веќе од страна на победникот. Се чини дека репрезентативците на БСК, иако најавуваа голема борба на теренот, согореа во желбата барем за половичен успех, а императивот им ги врза нозете. Добра доза за таквиот впечаток има и несомнено поставеноста на играта од трана на бразилскиот селектор Дунга, со што иако „слоновите“ играа со тројца напаѓачи во врвот, се чинеше дека нивниот најопасен играч Дидие Дрогба е сосема осамен во нападот. Но останува фактот дека Дрогба е првиот африкански фудбалер кој му дал гол на Бразил. Ако Дунга може да биде задоволен од резултатот и од играта на некои од клучните играчи, голема грижа ќе му зададе реакцијата на дисциплинската комисија за двојниот жолт картон на Кака. Може да се претпостави дека по прегледувањето на снимката од мечот, ќе се утврди дека станува збор глума на противничкиот играч и евентуалната казна за исклучувањето на бразилскиот ас ќе биде само суспензија за следниот меч. Поголема грижа е повредата на вечерашниот стрелец Елано, кој по постигнувањето на голот беше жртва на преостар стар на Тиоте. По овој во најмала рака груб старт, играчите на БСК како конечно да сфатија против кого играат вечерва и каква е нивната перспектива да продолжат со натпреварите на мундијалот. Но наместо да се мотивираат играчки, тие веќе покажаа немоќ и нервоза, терајќи го мечот во еден момент на работ од инцидент. Инцидент. Ваквиот развој на ситуацијата оди на душа на францускиот судија Ланоа кој навреме требаше да го почувствува моментот кога веќе престан ада се работи за стартови врз противничките играчи „во жарот на борбата“.    Бразил покажа фудбалска надмоќ а посебно за одбележување е играта на Кака кој по слабата сезона во Реал Мадрид се наметнува како лидер на оваа селекција на петкратните светски шампиони. Тој двапати асистираше за успешна реализација на Лиуш Фабиано. Почетокот на мечот, поточно речиси целото прво полувреме не ветуваше меч со голови. Речиси се играше без шанси, а од една грешка на противничката одбрана во 25. минута Фабиано го исполни празното прво полувреме. Судијата Ланоа, но уште повеќе неговите противниц направија превид во 50. минута кога Фабиано по вторпат постигна погодок а притоа во истиот напад дури двапати играше со рака. Но се’ се случи брзо, што ниту противниците го забележаа тоа што сите го видовме на повторените снимки.  А кога Елано во 62. минута го постигна водството од 3:0, имајќи ја предвид веќе забревтаната бразилска машина се чинеше дека ќе следиме половина час атрактивна игра и повеќе голови. Но како што рековме играчите на Брегот психолошки лошо го примија недостижното водство на Бразил. Дотогаш тие имаа само една, би рекле повеќе случајна можност, кога Дрогба сам пред Хулио Сезар со глава биеше само покрај неговата лева статива. Единствената смислена акција денеска резултираше со уште еден шут со глава на Дрогба но овојпат неодбранливо за Сезар. Оваа акција потсети зошто фудбалските вљубеници вечерва многу очекуваа од натпреварот и дека во африканската селекција играат добри фудбалери од најсилните европски лиги. На две минути пред крајот на мечот Кака набрзина ги заработи двата жолти картона, првиот сосема заслужено, па така ќе отсуствува од мечот во третот коло со „европските кариоки“, селекцијата на Португалија која ќе биде ослабена во средниот ред за португализираниот Бразилец од англиски Челзи, Деко. Во понеделник инаку Португалија се среќава со Северна Кореја во вториот меч од второто коло од групата која условно беше наречена „група на смртта“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“

Објавено пред

Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.

dobivaj vesti na viber

Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.

Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.

Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.

Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.

Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.

Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.

Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.

Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.

Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.

Прикажи повеќе...

Спорт

Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси

Објавено пред

Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија6 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет8 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион9 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет9 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија19 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија21 час

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија23 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...