Спорт
Холандија во полуфуиналето преку Бразил
Холандските репрезентативци со целосен пресврт во второто полувреме во првиот четвртфинален меч на светското фудбалско првенство во Јужна Африка го совладаа Бразил со 2:1, останувајќи единствената непоразена репрезентација
Мечот што се играше на стадионот „Нелсон Мандела“ во Порт Елизабет, двете досега непоразени екипи донесе драма за „селекао“ која беше многу подобра во првото полувреме откако уште во 10 минута преку Робињо дојде во водство. Претходно напаѓачот на Манечестер сити постигна гол и во 8. минута, но тој беше поништен поради офсајд ситуација. Водството на Бразил дојде по одличната длабиснка топка на денешниот трагичар Фелипе Мело кој ја префрли целата холандска одбрана, а Кака одлично го пронајде Робињо кому со удар по земја го совлада голманот Маарлен Стекеленбург. Бразил можеше да го зголеми водството и во 25. минута, но Хуан од непосредна близина го промаши голот, а потоа во 31. минту шутот на Кака Стакелебург одлично го одбрани.Во второто полувреме Холандија заигра многу подобро и ги притиснаа Бразилците во шеснаесетникот на Хулио Сезар. Активната игра „лалињата“ ја ефектуираа со погодокот во 53. минута. Голот е запишан како автогол на Мело, кој последен ја зафати топката, откако од десната страна во гужвата пред бразилскиот гол ја уфрли Весли Снајдер.По 15 минути, поточно во 68. минута Холанѓаните го направија целосниот пресврт со голот на Весли Снајдер. Ацијата за водечкиот гол потече од корнерот што од десно го изведе Арјен Робен, а Дирк Кајт со глава ја сврти во петерецот од каде исто така со глава ја пречека Снајдер спроведувајќи ја крај немоќниот Сезар. До ркајот на мечот Бразил не успеа да се врати во игра и неговите фудбалери не изградија ниедна позиција за гол. Тие дваесетина минути играа со играч помалку откако во 73. минута заради вториот жолт картон од игра беше исклучен индиспонираниот Мело. Тој го фаулираше Робен, но потоа го згазна за што судијата Јуичи Накамира од Јужна Кореја му го покажа и вториот жолт картон денеска. Бразил со овој пораз вторпат едно по друго на светско фудбалско рпвенство е елиминиран во четврфиналето. Холанѓаните кои по 12 години повторно се квалификуваа за полуфинале на светско првенство, со денешниот резултат ја продолжија победоносната серија од пет мечеви по ред на Светкото првенство во Јужна Африка, инаку 24-ти последователен меч без пораз. Со тоа тие го надминаа досегашниот рекорд на нивниот денешен противник од светското првенство во Мексико во 1970 г. кога остварија 13 врзани победу (5 + 8) во квалификациите за главниот турнир и на смаиот мундијал. Холандија во полуфиналето ќе се сретне со победникот од вториот денешен четвртфинален меч меѓу Уругвај и Гана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Андреас Волф ја запре Португалија
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет.
Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја.
Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро Тонишер заедно собраа шест, а во вториот дел имаа само две одбрани. Буквално се што шутнаа Германците заврши во голот на Португалија.
Покрај Волф, кај Германија се истакна Шлориф кој седумте гола ги постигна во второто полувреме. Втор најдобра стрелец во гермнаскиот тим беше Усчинс со шест гола.
Португалија ја предводеше Кико Кошта со 10 гола, по пет постигнаа Мартин Кошта и Луиш Фраде.
Foto/ EPA
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30

