Контакт

Спорт

Гана не успеа да направи историски успех во првата мундијалска драма

Објавено пред

Неверојатно драматичен меч во кој Асамоа Гиан во последната секунда од второто продолжение не успеа да реализира пенал за Гана со што ја одведе својата репрезентација во пенал рулетот

dobivaj vesti na viber

Уругвај по цели 40 години се квалификува во полуфиналето. Нивниот четвртфинален меч со Гана во кој по изведувањето на пеналите победија со вкупен резултат од 5:3 (1:1 во регуларниот тек и продолжувањата од двапати по 15 минути) ги покажа сите убавини на фудбалската игра и возбудата на мундијалските натпревари. Следевме целосно исполнет меч со два убави гола во регуларниот тек, надигрувања, максимално залагање од сите играчи што истрчаа на теренот во Јоханесбург, продолжетоци, црвен картон и пенал во последната секунда и бравурозни голмански интервенции.На „Сокер сити“ пред 84 илјади гледачи стадионот Уругвајците ги одбраа за изведување на ударите од 11 метри најподготвените и најискусни играчи а на голот го имаа Муслера кој е позната како одлиен проценувач на ударите од белата точка. Во полуфиналето во вторник во Кејптаун ќе се сретнат со Холандиај која во петок претходно го совлада Бразил со 2:1.Гана поведе во втората минута од судиското продолжене на првото полувреме. Мунтари од 20 метри шутираше силно кон уругвајскиот гол, а топката доби чудна патека и го изненади Муслера. Изедначувањето стигна во 55. минута, откако Диего Форлан изведе прекрасен слободен удар. Младите репрезентативци на Гана имаа повеќе од играта, особено по изедначувањето и покажаа силна желба да го постигнат најголемиот успех што некоја африканска репрезентација го достигнала на светските фудбалски првенства. Тоа ко покажува и бројката удари кон голот,  Гана имаше 26 наспроти противничките 14, но меѓу стативите на двете страни стоеја сигурните Кинсон за Гана и Муслера за Уругвај.Се чини, сепак, и покрај завидната играчка поткованост и зрелост во играта, преголем товар беше можниот пласман во полуфиналето. Кога португалскиот Беквененса требаше да отсвири крај, Ганците изведуваа корнер Муслера имаше лоша проценка на летото на топката а Апиа зад неговиот грб и биеше кон голот каде од во вториот обид Суарез со рака не дозволи топката да ја мине гол-инијата. Тој беше исклучен од игра, што веќе не беше важно затоа што судиското свирче веќе го означи крајот на мечот вендаш по изведувањето на најстрогата казна. Асамоа Гиан кој претходно беше прецизен од белата точка против Србија и САД во мечевите од групата, од која Гана и Германија се пласираа за нокаут фазата, биеше силно но само во пречката. Со тоа пропадна можноста Гана да стане единствената африканска репрезентација која се пласирала во полуфинале на светско фудбалско првенство и да ја зголеми африканската фудбалска треска. Уругвајците подобро го почнаа мечот доминирајќи на средината од теренот и почесто стигнуваа до голот на Гана. Но првата сериозна прилика ја имаа во 26. минута кога Суарез од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно но Кинсон со крајни напори ја стигна топката префрлувајќи ја преку пречката. По оваа полчасовна доминација на Уругвајците, Гана во 31. минута пропушти две шанси. Прво Ворса со глава а потоа и Гиан од 15-ина метри биеја блиску покрај стативите.Малку подоцна уругвајското темпо опадна откако во 38. минута заради повреда играта мораше да ја напушти капитенот и најдобриот играч дотогаш во одбраната Диего Лугано на чие место влезе Скоти, по што Гана стана се’ поопасна по голот на Муслера, што на крајот од полувремето резултираше со голот на Салеи Мунтари. Паузата добро им дојде на Уругвајците и релативно брзо, само по десет минути во второто полувреме успеаја да изедначат. Гана имаше поголем процент на посед на топката, од 52 отсто и повеќе шутеви, но поретките напади на Уругвај беа поопасни, Во 63. минута Суаре на додавање од Форлан не беше прецизен, во 70.тата Фусиле и Лодеиро пвотроно му подготвија добра прилика на Суарез чиј шут од десетина метри Кинсон повторно одлично го одбрани. Голманот на Гана излезе победни во дуелот со Суарез и во 78. минута. При крајот од регуларниот тек од мечот, во 82. минута Максимилјан Пареира наместо да проигра некој од неговите соиграчи кои беа во поповолни позиции се реши да шутира од 20-ина метри. Во продолженијата дојде до израз младоста на фудбалерите на Гана кои по внимателната игра во првиот продолжеток во вториот ги притиснаа противниците во нивниот шеснаесетник а во 120. минута дојде и кобниот момент. Суарез кој не успеа да стане херој погодувајќи од неколку добри шанси, стана јунак кога пред последниот свиреж на судијата прво со нога а потоа со рака не дозволи топката што ја упатуваше Апиа да влезе во ургувајскиот гол, а несреќниот Гиан од беалта точка ја погоди пречката.  Тоа, како што се покажа подоцна не влијаеше многу врз него, затоа што сигурно го реализираше првиот пенал во серијата, но очигледно влијаеше врз неговите соиграчи. Но овој меч беше до крај драматичен, Форлан пред Гиан го доведе во водство Уругвај, во втората серија сигурни беа Виторино и Апиа, а во третата серија откако повторно Уругвајците дојдоа во предност преку Скоти, Џон Менсах беше запрен од Муслера. Но во четвртата серија Пареира шутира високо преку голот на Гана, а Муслера повторно брани овојпат пеналот на Доминик Аидијиа, но сепак во петата серија Себастиан Абреу е прецизен и Уругвај по четири децении оди во полуфиналето потсетувајќи дека сепак станува збор за некогашни светски прваци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата

Објавено пред

Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.

dobivaj vesti na viber

Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.

Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.

Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.

Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.

На списокот има Во него има неколку звучни имиња:

Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд

Прикажи повеќе...

Спорт

Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“

Објавено пред

Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.

dobivaj vesti na viber

Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.

Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.

Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.

Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.

Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.

Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.

Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.

Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.

Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија24 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...