Контакт

Спорт

Холандија по третпат во финале на мундијал

Објавено пред

Како што најави пред мечот Весли Снајдер тој и неговите другари не ја пропуштија животната можност да се пласираат во финалето на светско фудбалско првенство во сигурна игра совладувајќи го Уругвај со 3:2

dobivaj vesti na viber

Во меч кој имајќи ја предвид важноста и големиот влог, очекувано донесе тврда игра во која се бараа да се направат што помалку грешки, но видовме и ангажирана игра и пет голови од кои првите два се едни од најубавите на мундијалот. Особено оној на Џовани ван Бронхорст во 18. минута со кој Холандија дојде релативно рано во водство кое до крајот на мечот го претворија во шеста победа на првенството и сосема заслужено влегоа во финалето. Статистиката покажува дека се играше израмнето, во податоите за шутевите на гол и во рамките на голот, во фаулите и корнерите, но податокто за поседот на топката од 53 отсто за Холандија се оној мал процент во кој незјините фудбалери беа многу поопасни по противничкиот гол и дека заслужено по 32 години се палсираат во големото финале.На добрата игра се надоврзаа и тактичките поставености на двете репрезентации зададени од Берт ван Маарвијк и Оскар Табарез. Уругвајците започнаа понервозно што се гледаше во несигурните интервенции на одбранбените играчи кои дозволија по нивни грешки „лалињата“ да дојдат до ситуации од кои можеа и поопасно да го загрозат голот на Фернандо Муслера. Веќе во 4. минута Робен нафрли од десната страна, а Муслера ја одби кусо топката до Кајт кој шутираше превисоко. Уругвај возврати во 11. минута создаде шанса, но за малку Кавани беше во офсајд и приликата пропадна. Во 15. минута, пак ван Перси во улога на противнички одбранбен играч го блокираше шутот на Снајдер од 16 метри кој одеше во небранетиот дел од голот на Уругвајците. И тогаш настапи најубавиот момент на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка досега. Траеше долг напад на Холандија а топката дојде до ван Бронхорст кој околу 40-ина метри од и со еден прекрасен шут во горниот лев агол ја доведе својата репрезентација во водство. По ова Холанѓаните се обидоа на брзина да го доточат противникот, ги притиснаа Уругвајците на нивната половина од теренот, но не создадоа вистинска шанса. Дури во 30. минута ван Перси му создаде идеална шанса на Робен но тој фаулирајќи во напад ја упропасти шансата да го зголеми водството. Уругвај во возвраќа во 35. со една полушанса и во 38. минута кога Диего Форлан со глава биеше над голот на Стекеленбург. Но затоа во 41. минута Форлан изведе една од своите специјалности од повеќе од 30 метри со лева нога ги префрли неколкуте играчи во блокот по средината на голот со незгоден фелш кој го изненади холандскиот голман кој сметаше дека веќе ја дофати топката. Второто полувреме повторно почна со поактивна игра на Холандија, но уругвајските фудбалери успешно им го затвораа просторот за развивање акции. Играта се разводни се’ додека околу 66. минута Форлан од левата страна не изведе повторно одличен слободен удар но овојпат Стакеленбург се испружи со целата должина и од самиот агол вадејќи ја топката од самиот долен лев агол. По ова дојде решавачкиот период на мечот. Прво во 68. минута во еден и сосема случаен напад ван Бронхорст и Робен не успеаја да го совладаат Муслера. Но во 0 минута Велси Снајдер шутираше од шеснаесетникот по земја пред голот на Уругвај во офсјад беше ван Перси, но откако топката отседна во мрежата, судијата Уруматов сметаше дека вториот не играл со неа, со што Холандија дојде во предност. По само три минути, се чини дека „лалињата“ се веќе во финалето. Кајт од лева страна нафрли во центарот на шеснаесетникот на Уругвај а Робен го повторува движењето од осминафиналето против Бразил и станува невидлив за својот директен чувар Диего Година и со глава зголемува на 3:1. Латиноамериканскиот менталитет доаѓа до израз, Уругвајците во следните пет-шест минути не успеваат да се снајдат а Табарез сфаќа дека порано требаше да прави измени на своите изморени играчи кои издржаа долги и напорни 120 минути на претходниот меч против Гана. Но Уругвајците сепак не успеаја да се врата во игра па Холандија имаше неколку можности да го зголеми водството. Уругвај дури во самата завршница од мечот вистински притисна па следеше и голот во 90+2. минута на Максимилијан Переира. За Холандија ова е трет пласман во финалето, а првите двапати против домаќините во 1974 г. против Германија и 1978. г во Аргентина беа поразени во финалето. А Уругвај по двете титули во 1930 и 1950, по третпат ќе игра за тетото место, оркако во 1954 г  в Швајцарија беа поразени од Австрија во 1970 г. во Мексико од тогашна Западна Германија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек

Објавено пред

Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.

dobivaj vesti na viber

Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.

За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.

Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Игор Тудор ќе го води Тотенхем

Објавено пред

Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.

dobivaj vesti na viber

Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.

Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.

Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.

Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.

Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго

Објавено пред

Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.

Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.

Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.

Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет14 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...