Спорт
Сензација на Шпигел за хомосексуалност меѓу „панцирите“
Сензационалистичка тема објавува германскиот магазин Spiegel, чиј новинар тврди дека германската фудбалска репрезентација ја водат хомосексуални двојки
Приказната за хомосексуален заговор во екипата на селекторот Јоаким Лев, ја објавува репортерот Александар Осанг кој ја темели својата приказна врз Михаел Бекер од Луксембург, адвокат и менаџер на германскиот капитен Михаил Балак кој заради повреда не настапи на светското фудбалско првенство.Осанг напишал дека два месеца пред мундијалот Михаел Бекер му открил дека играчите во репрезентацијата имаат хомосексуална ориентација.Во текстот се споменува и дека по прошталниот меч на поранешниот репрезентативец Бернд Шнајдер кој беше одигран ланскиот септември против Јужна Африка во Леверкузен, адвокатот Бекер пред новинари и менаџери рекол дека наскоро во екипата на Лев ќе „пукне“ хомосексуална сензација, пренесува агенцијата DPA.„Сите спортски новинари долго време знаат се’ за хомосексуалниот заговор во репрезентацијата. Со тие никогаш не истражени шпекулации екипата отпатува на светското првенство во Јужна Африка“, напишал Осанг кој навел и дека Бекер лично пред него еден играч од репрезентацијата го нарекол „полупедер“.Во целата приказна се вмешува и весникот Bild, за кој Бекер кусо изјавил дека новинарот погрешно протолкувал некои работи. Весникот земал изјава и од директорот на репрезентација, поранешниот германски голгетер Оливер Бирхов, кој исто така кусо рекол дека тоа не е ништо ново и дека не заслужува коментар. Имено и пред четири години во слична афера беа споменувани тогашниот селектор Јирген Клинсман и неговиот помошник актуелниот селектор Јоаким Лев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.