Спорт
Несреќен пораз во Братислава
Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2012 година
На стадионот „Пасиенски“ во Братислава, Словачка со голот на Холошко ја совлада Македонија со 1:0.Поразот е незаслужен затоа што „црвено-жолтите“ беа рамноправен противник во текот на целиот натпревар. Одиграа македонските фудбалери тактички зрел натпревар, стриктно ги испочитуваа задачите кои ги добија од селекторот Мирсад Јонуз, во првото полувреме не им дозволија на словаците ниту еднаш да го загрозат голот на Нурединовски.Словаците притиснаа во вториот дел, но одбраната предводена од Новевски и Митрески успешно ги одбиваше сите закани кон нашиот гол. Македонија беше и многу поконкретна во нападот, чисти шанси за водство не реализираа Пандев и Георгиевски. Македонија имаше игра и резултат се до 85 минута, кога Шиков го заработи вториот жолт картон, по судиската одлука настана мешаница на теренот, патот во соблекувалната му беше покажан и на селекторот Јонуз.Словачка предноста од играч повеќе ја искористи во 90 минута, кога нафрлувањето на Хамшик, Холошко ја спроведе топката во мрежата на Нурединовски.Следниот натпревар Македонија ќе го одигра во вторник на 7 септември, кога во Скопје ќе гостува Ерменија.Пред дуелот Словачка-Македонија, вечерва се одиграа уште две средби од нашата квалификациска група, фаворитите забележаа победи, Ирска во Ереван ја совлада Ерменија со 1:0, Русија со 2:0 победи во Андора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

