Спорт
Белорусија победнички мина низ Париз
Вкупно 22 натпревари беа одиграни во рамките на првото квалификациско коло за пласман на ЕП во Полска и Украина во 2012 година. Во групата Д се случи најголемото изненадување, Белорусија во Париз ја совлада Франција и уште повеќе ја продлабочи кризата во оваа репрезентација.
Вкупно 22 натпревари беа одиграни во рамките на првото квалификациско коло за пласман на ЕП во Полска и Украина во 2012 година. Во групата Д се случи најголемото изненадување, Белорусија во Париз ја совлада Франција и уште повеќе ја продлабочи кризата во оваа репрезентација.
Во А групата, Турција лесно се справи со Казахстан, Црна Гора со голот на најдобриот стрелец, Вучиниќ, го победи Велс, во натпревар од Г групата. БиХ рутински го мина гостувањето во Луксембург, исто како и Хрватска која победи во Латвија. Изненадување направи и Северна Ирска која во Љубљана ја победи Словенија. Грција одигра само 1:1 против Грузија. Одбраната на титулата Шпанија ја започна со убедлива победа над аутсајдерот Лихтенштајн. Англија со хет трикот на Дефо на победи Бугарија, додека во дербито, во Брисел, Германија ја совлада Белгија со голот на Клосе.
Португалија во Лисабон киксираше против Кипар, натпреварот заврши 4:4. Комплетни резултати:Група А:Казахстан-Турција 0:3Белгија-Германија 0:1Група Б:Словачка-Македонија 1:0Ерменија-Република Ирска 0:1Андора-Русија 0:2Група Ц:Фарски острови-Србија 0:3Словенија-Северна Ирска 0:1Естонија-Италија 1:2Група Д:Романија-Албанија 1:1Луксембург-БиХ 0:3Франција-Белорусија 0:1Група Е:Молдавија-Финска 2:0Шведска-Унгарија 2:0Сан Марино-Холандија 0:5Група Ф:Летонија-Италија 1:2Грција-Грузија 1:1Група Г: Црна Гора-Велс 1:0Англија-Бугарија 4:0Група Х:Исланд-Норвешка 1:2Португалија-Кипар 4:4Група И:Литванија-Шкотска 0:0Лихтенштакн-Шпанија 0:4. /крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.