Спорт
Лацио на врвот во Серија А
Со победата над Киево на гости од 1:0, поранешниот клуб на македонскиот интернационалец Горан Пандев се изедначи на врвот од табелата со ист број бодови како неговиот актуелен клуб и актуелен шампион Интер
Единствениот гол на „бјанкочелестите“ во Верона против Киево, кое со поразот се симна на третото место , беше Зарате во 69. минута од натпреварот. Иако до 72. минута губеше со 0:1. голема победа исто така на гости оствари Наполи кој на крајот ја совлада Чезена со 4:1. Стрелец на голот со кој поведоа домаќините беше Пароло во 49. минута, а целосниот пресврт го направија Лаваци во 72. минута, а во 81.та од пенал што го реализираше Хамшик Наполи поведе, а во 88. и 92. минута Уругваецот Едисон Кавани го постави конечниот резултат. Кавани со овие два гола се изедначи со Самуел Ето на листата на стрелците со по пет постигнати погодоци. Палермо спасуваше бод дома против Лече кое поведе со 2:0 со головите на Џакомаци во 8. и Корвиа во 46. минута. За домаќините изедначија Пиниља во 52. и Макароне во 90+3 минута.Удинезе дојде до првиот бод, и тоа одигрувајќи без голови на гостувањето кај Сампдорија. Фиорентина против Парма го забележа првиот триумф на домашен терен од март годинава. Стрелци беа Љајиќ во 61. минута од пенал и Де Силвестри во 77. минута.Катанија на домашен терен одигра 1:1 со Болоња, откако гостите поведоа преку Ди Ваијо во 40. минута, а нивниот одбранбен играч Бритос со автогол во 66. минута се погрижи за изедначување. Во неделниот вечерен термин играат нестабилниот Јувентус и Каљари.Во саботата актуелниот шампион Интер беше поразен минимално со 0:1 од вицешампионот Рома на нејзин терен, додека со истиот резултат Милан дома ја совлада Џенова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

