Спорт
Каратистите со прегрст медали од Белград
Нашите најдобри каратисти членови на клубовите Макпетрол и Металург од Скопје кои беа во состав на сениорската Карате репрезентација на Македонија, викендов направија фантастичен успех на еден од најсилните турнири на просторот на југоисточна Европа, Београдски победник -Трофеј Београда
Каратистите отпатуваа на последната контрола непосредно пред Светското првенство кое треба да се одржи на крајот од октомври исто така во БелградВо конкуренција на 14 држави меѓу кој беа присутни и европските велесили како што се: Франција, Италија, Русија, Иран, Унгарија, Романија, Бугарија, Словачка и сите бивши југословенски држави Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Македонија и домаќинот Србија.Нашите каратистки направија голем успех.Тие во дисциплината борби екипно жени повторно освоија бронзен медал, повторно ја потврдија својата голема вредност и квалитет по неодамна освоеното медитеранско сребро и балканска бронза тие сега успеаја во лига систем да се закитат со бронзениот медал на овој силен турнир. За екипата на Македонија настапија Наташа Илиевска (капитен), Наташа Стефановска, Моника Стефановска и Мери Радичевска сите од К.К.Макпетрол.Во поединечна конкуренција нашата најдобра каратистка на сите времиња Наташа Илиевска сосема заслужено успеа во категоријата на -55 кг да влезе во финалето и да го освои златниот медал, додека Наташа Стефановска во категорија на -61 кг и Мери Радичевска во категорија на -50 кг освоија бронзени медали.На турнирот имаше голема конкуренција и сите освојувачи на медали има по 4-5 победи.Покрај освоените четири медали во сениорска конкуренција на турнирот во Белград отпатуваа и комплетните кадетско -јуниорските состави од нашите два најреномирани клубови Макпетрол и Металург.Помладите каратисти на металурзите освоија вкупно три златни, две сребрени и четири бронзени медали додека младите каратисти на Макпетрол освоија едно злато и две сребра.Посебно се истакнаа јуниорите Симон Антич, Симона Заборска, Бојан Јовановски, Спасо Илиевски, како и кадетите Виктор Крстевски и Азиз Исмаил.Каратистите кои се натпреваруваа во машка конкуренција за сениори овојпат не успеаја да освојат медал.Кај сениорите генерално најдобар впечаток оставија репрезентативките Наташа Илиевска и Наташа Стефановска.„Задоволен сум од борбите и формата која ја демонстрираа нашите каратисти. Задоволен сум особено од девојките кои еве во континуитет за само еден месец на Македонија и донесоа три медали во дисциплината екипна конкуренција борби, Девојките освоија медали што досега сме ги немале“, изјави македонскиот селектор Бошко Заборски. Наташа Илиевска уште еднаш покажа дека во моментов е спортист на кој можеме да сметаме дека ќе се вмеша во борба за медал и на Светското првенство, потоа младата Наташа Стефановска е се подобра, кај мажите се истакнаа Жарко Арсовски и младите Мартин Томовски и Стојан Тасевски, додаде Заборски. На турнирот поради повреди не отпатуваа нашите најдобри сениори Огнен Груевски, Сашко Арсовски, Мартин Несторовски и Иво Цветковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет-трик на Гидсел, повторно е најдобар во светот
Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел е прогласен за најдобар ракометар во светот во 2025 година во традиционалниот избор на Меѓународната ракометна федерација (IHF).
Матијас Гидсел беше избран за најдобар ракометар на годината, трет пат по ред. Тој е третиот ракометар во историјата кој е прогласен за играч на годината три пати по Никола Карабатиќ и Микел Хансен.
Во 2025 година, Гидсел ја освои титулата светски шампион со данската репрезентација, а беше прогласен и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство. Тој беше и најдобар стрелец и асистент на Светското првенство.
IHF ја избра Норвежанката Хени Рејстад за најдобра ракометарка во светот во 2025 година. И таа беше прогласена за играч на годината трет пат по ред.
Таа освои злато на Светското првенство минатата година со норвешката репрезентација. Рејстад беше најдобар стрелец, а беше прогласена и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство.
Португалецот Франциско Коста беше избран за најдобар млад ракометар во 2025 година, додека најдобра млада ракометарка е Фиола Лојхтер од Германија.
Во гласањето учествуваа навивачи, селекторите на националните тимови кои учествуваа на Светското првенство во 2025 година, како и членови на Комисијата за тренинг и методи на IHF.
Фото/ ЕПА
Спорт
Упамекано го продолжи договорот со Баерн
Дајо Упамекано го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2030 година, објави германскиот клуб.
Упамекано (27) пристигна во Минхен во сезоната 2021/22 од Лајпциг, а со Баерн досега освои три титули во Бундеслигата и три германски Суперкупа. Во дресот на баварскиот клуб одигра 180 натпреварувачки натпревари, постигна шест гола и запиша девет асистенции.
Генералниот менаџер на Баерн, Јан-Кристијан Дрезден, истакна дека Упамекано израснал во врвен играч во Минхен, додека членот на спортската администрација Макс Еберл нагласи дека францускиот стопер е еден од главните столбови на тимот и пример за развој на играчите во клубот.
Самиот фудбалер рече дека е среќен поради продолжувањето на соработката и дека има големи цели со тимот, со желба да освои повеќе трофеи.
Упамекано одигра 35 настапи и постигна два гола за француската репрезентација, ја освои Лигата на нации во 2021 година и беше дел од тимот што го играше финалето на Светското првенство во 2022 година против Аргентина.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јада 83-ти, Клабо го освои осмото олимписко злато во кариерата
Македонскиот репрезентаивец, Ставре Јада, го заврши своето учество на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во петокот. Јада го освои освои 83-то место во трката крос-кантри на 10 километри.
Во трката учествуваа 113 натпреварувачи, Јада ја помина целта како 83-ти, со време од 25:286,9, за 4:52,7 зад олимпискиот шампион. Ставре Јада претходно го освои 88-мо место во трката со спринт.
Златниот медал го освои кралот на овие Игри, Јоханес Хесфолт Клабо. Норвежанецот ја заврши трката за 20:36,02. Ова е негово трето злато на Игрите во Милано и Кортина, а негов осми златен медал – десетти вкупно, бидејќи Клабо има едно сребро и една бронза.
На Клабо му недостига само уште едно злато за да стане најуспешниот олимпиец во крос-кантри. Осум златни медали, и вкупно 12 олимписки медали во кариерата, освои Бјорн Дели.
Сребрениот медал му припадна на Матјас Делож, кој беше фантастичен, францускиот ас ја заврши трката 4,9 секунди зад Клабо. За дваесет и тригодишниот Французин, ова е прв олимписки медал.
Бронзата оди во Норвешка, кај Ејнар Хедегерт, кој имаше задоцнување од 14 секунди. И за него ова е првиот олимписки медал во неговата кариера.
Foto/ EPA

