Контакт

Спорт

Каратистите со прегрст медали од Белград

Објавено пред

Нашите најдобри каратисти членови на клубовите Макпетрол и Металург од Скопје кои беа во состав на сениорската Карате репрезентација на Македонија, викендов направија фантастичен успех на еден од најсилните турнири на просторот на југоисточна Европа, Београдски победник -Трофеј Београда

dobivaj vesti na viber

Каратистите отпатуваа на последната контрола непосредно пред Светското првенство кое треба да се одржи на крајот од октомври исто така во БелградВо конкуренција на 14 држави меѓу кој беа присутни и европските велесили како што се: Франција, Италија, Русија, Иран, Унгарија, Романија, Бугарија, Словачка и сите бивши југословенски држави Хрватска, Словенија,  БиХ, Црна Гора, Македонија и домаќинот Србија.Нашите каратистки направија голем успех.Тие во дисциплината борби екипно жени повторно освоија бронзен медал, повторно ја потврдија својата голема вредност и квалитет по неодамна освоеното медитеранско сребро и балканска бронза тие сега успеаја во лига систем да се закитат со бронзениот медал на овој силен турнир. За екипата на Македонија настапија Наташа Илиевска (капитен), Наташа Стефановска, Моника Стефановска и Мери Радичевска сите од К.К.Макпетрол.Во поединечна конкуренција нашата најдобра каратистка на сите времиња Наташа Илиевска сосема заслужено успеа во категоријата на -55 кг да влезе во финалето и да го освои златниот медал, додека Наташа Стефановска во категорија на -61 кг и Мери Радичевска во категорија на -50 кг освоија бронзени медали.На турнирот имаше голема конкуренција и сите освојувачи на медали има по 4-5 победи.Покрај освоените четири медали во сениорска конкуренција на турнирот во Белград отпатуваа и комплетните кадетско -јуниорските состави од нашите два најреномирани клубови Макпетрол и Металург.Помладите каратисти на металурзите освоија вкупно три златни, две сребрени и четири бронзени медали додека младите каратисти на Макпетрол освоија едно злато и две сребра.Посебно се истакнаа јуниорите Симон Антич, Симона Заборска, Бојан Јовановски, Спасо Илиевски, како и кадетите Виктор Крстевски и Азиз Исмаил.Каратистите кои се натпреваруваа во машка конкуренција за сениори овојпат не успеаја да освојат медал.Кај сениорите генерално најдобар впечаток оставија репрезентативките Наташа Илиевска и Наташа Стефановска.„Задоволен сум од борбите и формата која ја демонстрираа нашите каратисти. Задоволен сум особено од девојките кои еве во континуитет за само еден месец на Македонија и донесоа три медали во дисциплината екипна конкуренција борби, Девојките освоија медали што досега сме ги немале“, изјави македонскиот селектор Бошко Заборски. Наташа Илиевска уште еднаш покажа дека во моментов е спортист на кој можеме да сметаме дека ќе се вмеша во борба за медал и на Светското првенство, потоа младата Наташа Стефановска е се подобра, кај мажите се истакнаа Жарко Арсовски и младите Мартин Томовски и Стојан Тасевски, додаде Заборски. На турнирот поради повреди не отпатуваа нашите најдобри сениори Огнен Груевски, Сашко Арсовски, Мартин Несторовски и Иво Цветковски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.

dobivaj vesti na viber

На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.

Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.

Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.

Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.

Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“

Објавено пред

Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.

Станува збор за парфем кој чини 221 евро.

Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.

Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.

Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.

Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.

„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул

Објавено пред

Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.

Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.

Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.

Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.

Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.

Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија15 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија16 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ19 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија19 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет21 час

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет21 час

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет22 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион22 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет22 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...