Спорт
Сопствениците на Boston Red Sox го купуваат Ливерпул
Сосегашните сопственици на англискиот фудбалски гигант које во голема криза, том Хикс и џоџрџ џилет, се согласиле да го продадат клубот на американската компанија New England Sports Ventures (NESV), во чиај сопственост е бејзбол клубот Boston Red Sox
Веста за продажбата на Ливерпул предизвика одушевување меѓу бројните верни навивачи на еден од најтрофејните англиски клубови, но истовремено и страхување бидејќи наместо омразениот американски тандем Том Хикс и Џорџ Џилет, на „Ејнфилд“ повторно доаѓаат Американци, пишува британскиот печат во среда.Засега се уште не се знае која е сумата за која е продаден клубот, меѓутоа NESV целосно ќе ги подмири долговите кон Royal Bank of Scotland кои изнесуваат 350 милиони евраХикс и Џилет во почетокот бараа сума од 800 милиони евра, а потоа ја намалија на 600 милиони евра, но во Британија сметаат дека тие морале да ја намалат и оваа сума, за навистина да го продадат клубот. „Преговорите се успешнио реализирани и процесот на промена на сопственикот набрзо ќе биде завршена“, потврдил директорот на Ливерпул, Мартин Брајтон кој додал дека претставниците на клубот и на компанијата NESV полседниот месец се сретнале трипати во Бостон, Лондон и Ливерпул и на крајот се договориле околу сите детали на купо-продажниот процес. Хикс и Џилет го купија Ливерпул во февруари 2007 г. За 250 милиони евра, но многу брзо западнаа во финансиски неволји. Во април годинава тие објавија дека клуот е на продажба, а шест месеци подоцна успеаја да му го продадат на Џон В. Хенри, кој стои зад NESV.„Хенри е многу популарен во Бостон, бидејќи Red Sox-ите ги врати на врвот. Сигурен сум дека истото ќе го стори и со Ливерпул“, пишува спортскиот коментатор на влиајтелниот весник Boston Globe, Питер Ејбрахам.Џон В. Хенри своето богатство го стекна на Волстрит, а според Forbes неговото богатство се проценува на 700 милиони евра.Според англиските правила, за да биде финализиран овој трансфер, продажбата мора да ја шптбрди раководството на Премиершип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ не размислува за крајот на кариерата
Отвореното првенство на Австралија започнува утре, 18 јануари, а во текот на следните две недели, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се бори за освојување на титулата на Гренд слем турнирот во Мелбурн. Србинот 10 пати во кариерата го освои трофејот во Австралија.
Пред почетокот на натпреварувањето, Новак Ѓоковиќ одржа прес-конференција, а едно од прашањата на новинарите беше за кариерата на српскиот тенисер. Индиректно беше прашан кога ќе се пензионира, со оглед на тоа што има 38 години.
„Често ме прашуваат кога ќе дојде крајот, но сè уште не размислувам за тоа, тука сум и се натпреварувам. Кога ќе ми созрее во главата, ќе споделам со вас, а потоа можеме да разговараме за прошталната турнеја, но сега сум сè уште број четири во светот, се натпреварувам со најдобрите во светот, нема потреба од таа дискусија“, рече Новак Ѓоковиќ.
Djokovic says there is no need to talk about retirement plans, ‘Right now I’m still #4 in the world, competing at the highest level. I feel there’s no need to draw the attention to that discussion’
“Often we hear athletes when they’re retired or nearing the end of their career,… pic.twitter.com/vkzxltNnXg
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 17, 2026
Освојувачот на 24 Гренд слем трофеи во кариерата. рече дека не жали за ништо во својата кариера, за што сведочат многуте соборени рекорди.
„Некои спортисти жалат што можеби не постигнале цел, но има голем број, барем оние што ги слушав, кои го ценат она што го направиле. Сето тоа е прашање на лична перспектива. Јас сум последниот што треба да се жали, успеав да ги срушив речиси сите рекорди, благодарен сум му на тенисот за можноста да го живеам сонот, да патувам низ светот… Успесите се најголемата мотивација и ѕвезда-водилка, но тоа не е единственото нешто, интеракцијата со луѓето, љубовта кон играта, адреналинот кога излегувате на теренот, тоа е како дрога, мислам дека многу други спортисти се согласуваат со тоа“, додаде Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер е четврти носител, а освојувачот на 10 титули во Мелбурн ќе се бори во првото коло против Шпанецот Педро Мартинез. Проектираниот ривал во второто коло ќе биде Теренс Атман, 64-тиот играч на АТП листата. Во полуфиналето, тој би можел да се сретне со Јанико Синер, додека Карлос Алкараз е на спротивната страна од костурот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Екитике го изедначи рекордот на „Кинг Кени“
Францускиот напаѓач Уго Екитике успеа да го израмни рекордот поставен од најдобриот играч на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, во сезоната 1977/78.
Ова лето, многумина беа изненадени кога Уго Екитике дојде на „Енфилд“ од Ајнтрахт Франкфурт. Особено затоа што беше платен за дури 80 милиони евра (плус 15 милиони во бонуси).
Сепак, неговиот трансфер остана во сенка на Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) платен за 100 милиони фунти (околу 118 милиони евра) и особено на Александар Исак (Њукасл) за 125 милиони фунти (околу 145 милиони евра).
Сепак, засега, 23-годишниот Французин покажа повеќе од Германецот, а особено од Швеѓанецот.
Екитике е моментално најефикасниот играч на Ливерпул, постигна 12 гола, а она што клубот од „Енфилд“, особено го нагласи – како дебитант, постигна голови во пет различни натпреварувања, што пред него му успеа само на легендарниот Кени Далглиш во сезоната 1977/78.
Екитике постигна голови во Премиер лигата (8), Лигата на шампионите (1), Лига купот (1), Комјунити шилд (1) и последниот во ФА купот (1).
Славниот шкотски фудбалер дојде во Ливерпул од Селтик во летото 1977 година за да го замени Кевин Киген, кој ја продолжи кариерата во германски Хамбургер.
Неговиот трансфер претставуваше тогашен нов британски рекорд од 440.000 фунти (денес тоа би било околу 3,5 милиони фунти). Далглиш блесна во црвениот дрес истата сезона.
Шкотланѓанецот ја наследи „седумката“ на Киген и стана првиот и до оваа година единствениот играч на Ливерпул кој постигнал голови во пет различни натпреварувања во својата дебитантска сезона.
Далглиш подоцна освои рекордни 21 трофеи (шест титули во лигата и три Купа на шампиони) и беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул на сите времиња, а од навивачите на Ливерпул го доби прекарот „Кинг Кени“.
Foto/ depositphotos
Спорт
За да добие нов договор Касемиро не смее да отсуствува до крајот на сезоната
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, може автоматски да активира едногодишно продолжување на договорот на „Олд Трафорд“ ако започне одреден број натпревари оваа сезона.
Договорот на 33-годишниот Бразилец би бил продолжен до 2027 година, а воедно би ја задржал сегашната плата, но постигнувањето на таа цел би можело да биде предизвикувачко со оглед на тоа што Јунајтед, докрајот на сезоната ќе се натпреварува само во Премиер лигата.
Бразилскиот репрезентативец беше клучен играч под водство на Рубен Аморим и започна 18 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, влегувајќи само еднаш од клупата. Тој пропушти два натпревари поради суспензии. Не започна ниту еден натпревар во куп натпреварите, бидејќи Јунајтед беше елиминиран во првите рунди од ФА Купот и Карабао Купот од Брајтон, односно Гримсби Таун.
Според „Атлетик“, Касемиро мора да започне 35 натпревари оваа сезона за да се активира клаузулата за автоматско продолжување. Откако веќе започна 18 натпревари во сите натпреварувања, му требаат уште 17 настапи. Точно толку натпревари колку што им остануваат на „Црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната во Премиер лигата.
Затоа, Касемиро ќе мора да биде стартер на секој преостанат натпревар во лигата под водство на новиот менаџер Мајкл Карик за да го обезбеди својот престој.
Јунајтед може да одлучи да го активира продолжувањето дури и ако Касемиро не го достигне потребниот број настапи, но тоа нема да биде автоматско. Во моментов „нема индикации“ дека клубот планира да го стори тоа или да преговара за нов договор со пониска плата. Иднината на Касемиро затоа би можела да зависи од неговата улога во плановите на Карик.
Касемиро пристигна во Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид за почетна сума од 60 милиони фунти (80,7 милиони долари), со потенцијални бонуси од 10 милиони фунти вклучени во трансферот. Се верува дека овие бонуси веројатно нема да бидат платени бидејќи клубот не ја освои Премиер лигата или Лигата на шампионите за време на неговиот престој.
Foto/ depositphotos

