Спорт
Фетел најбрз на првиот тренинг во Бразил

Пилотите на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер, доминираа на првиот неофицијален тренинг на патеката Интерлагос, во Бразил.
Во пресрет на квалификациите за претпоследната трка во првенството на Ф1, Големата награда на Бразил, Фетел го извозе најбрзиот круг со време од 1.12:328 минути. Неговиот клупски колега Вебер задоцни нешто помалку од половина секунда.
Зад возачите на Ред Бул на првиот тренинг се пласираа двајцата пилоти на Мекларен, Луис Хамилтон и Џенсон Батон.
Лидерот во Генералниот пласман во првенството на Ф1, Фернандо Алонсо, поради механички проблеми на своето Ферари, заврши на 13-то место. Ништо подобро не мина ниту неговиот тимски партнер, Фелипе Маса, Бразилецот заврши на 14-та позиција.
Првиот тренинг го обележаа неколку инциденти кои се случија на кривината број 6, на која надвор од патеката излетаа Алгуерсуари, Петров и Кобајаши.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Сосиедад и Арсенал се издвоија во трката по Одегард

Талентираниот Норвежанец, Мартин Одегард, побарал до крајот на преодниот рок да биде испратен на позајмица. Одегард е незадоволен од статусот што го има во тимот на Реал Мадрид, негова желба е да замине во тим каде што ќе игра редовно.
Шпанските медиуми пишуваат дека за 22-годишниот фудбалер, интерес покажале пет клуба, но дека битката за неговиот потпис ќе ја водат Реал Сосиедад и Арсенал.
Овие извори шпекулираат дека желбата на Одегард била да се врати во Сан Себастијан, каде што блекаше минатата сезона во дресот на Реал Сосиедад. Поради Сосиедад тој ја одбил понудата на Севилја.
Одегард од почтокот на сезоната, настапил на девет натпревари за Реал, односно одиграл скромни 367 минути.
Спорт
ИФФХС му го оспори рекордот на Роналдо – Јосеф Бикан e кралот на стрелците

Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) не му го признава рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот, синоќа, против Наполи го постигна 760 гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. На вечната листа тој го мина Јосеф Бикан.
ИФФХС тврди дека Бикан во кариерата не постигнал 759, туку 821 гол. Според овој податок Чехот се уште е кралот на стрелците.
Бикан бил активен фудбалер во периодот од 1931 до 1958 година.
„Бикан како играч на Храдец Карлове, во Втората лига, има постигнато 53 гола. Тој податок недостигаше. Секој детал го проверивме два пати и дојдовме бројка од 821 гол. Толку голови постигнал Бикан на официјални натпревари. Тоа значи дека Кристијано Роналдо се уште не е најдобар стрелец во историјата, ќе мора уште многу да работи за да го урне рекордот“, рекол Јарослав Колар.
Не треба да се заборави дека и бразилските легенди Пеле и Ромарио тврат дека постигнале повеќе голови од Роналдо, но за разлика од Бикан тие немаат доказ дека тоа е вистина.
Kolega z Komise pro historii a statistiku FAČR 📊Jaroslav Kolář má důležitý vzkaz pro všechny příznivce @Cristiano! A samozřejmě i pro tu větší skupinu🙊, tedy pro fanoušky Pepiho Bicana 😉 #CR7 #Statistics #bican #821goals pic.twitter.com/1sgRpLFRPq
— Michal Jurman (@michaljurman) January 21, 2021
Спорт
Пабло Ласо сака да го донесе во Реал најдобриот играч на Црвена звезда

Кошаркарот на Црвена звезда, Џордан Лојд, внимателно го следат скаутите на Реал Мадрид. Реал процениле дека Лојд би бил идеална замена за ветеранот Џејси Креол.
„Марка“, пишува дека Реал планираат голема реконструкција по завршувањето на сезоната. Најмногу промени ќе има во бековската линија, во која се уште главни играчи се ветераните Џејси Керол, Серхио Љуљ и Руди Фернандез.
Керол кој има 38 години најави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната.
27-годишниот Лојд, повеќе од еден месец е отсутен од тимот на Црвена звезда. Најпрвин, поради коронавирусот, беше во карантин, а потоа и се повреди. Со просек од 18,7 поени по натпревар, тој е еден од најдобрите стрелци во Евролигата.
Во кариерата, Лојд, играл за Форт Вејн, Хапоел Елијат, Торонто Репторс и Валенсија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот