Спорт
Ливерпул се разбуди против шампионот
Раните од својот најлош старт во последниве 56 сезони „редсите“ успеаја да ги залечат со победата врз актуелниот шампион Челзи од 2.0, а Манчестер сити освои вредни три бода на гостувањето кај ВБА во последните два меча од неделната програма од 11-то коло на англиската Премиершип
Дербито коешто повеќе пред почетокот на мечот беше тоа според титулите што ги имаат зад себе двата клуба, отколку според моменталните форми на екипите и позициите на табелата на англискиот фудбалски шампион, сепак докажа зошто одредени дуели се нарекуваат токму дерби и нивната завршница никогаш не може однапред да се предвиди.Јунак на овој дуел на „Ејнфилд“ беше шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес со двата гола, во 11. и во 44. минута. Иако и тој како и целата екипа на Ливепрул годинава тешко влегуваат во потребната форма, на Торес најверојатно Челзи „му лежи“ и тој веќе со овие два, забележа веќе шест постигнати голови против „сините“ од Лондон. Исто така, за одбележување е што Челзи кој има извонредно ефикасен напад, на овој меч не успеа ја затресе мрежата на противникот. Првиот гол на Торес беше постигнат откако Дирк Кајт со полувисока прецизна топка го проигра во противничкиот шеснаесетник а овој одлично ја спушти пред себе му избега на Тери и од осум метри пласираше крај Петр Чех. Вториот гол исто така беше дело на еден врвен стрелец кој докажа зошто повеќето богати европски клубови во преодниот рок сакаа да ја искористат беспарицата на Ливерпул и да го доведат во своите редови. Торес во 44. минута ја прими топката на левата страна и се втурна во казнетиот простор на Челзи и со одличен шут со внатрешен фелш по вторпат го совлада Чех.Водството на Ливерпул на полувремето беше сосема заслужено, бидејќи беше многу поконкретната во нападот и подобрата екипа во полето. Затоа, пак, како и што се очекуваше Челзи во вториот дел тргна жестоко бркајќи ран гол што ќе му овозможеше поспокојно да оди на изедначување без многу да ризикува во одбраната. Според статистиката во првиот дел од второто полувреме, речиси 70 отсто од времето топката мина на половината на Ливерпул, но Челзи успеа за тоа време да направи само две зрели шанси за постигнување погодок. Прво Пепе Реина од непосредна близина го спречи Малуда да поентира, а потоа и опасниот шут на Никлас Анелка со рака го сврти кон гредата. Шампионот на крајот излезе и среќен што од 18-тиот Ливепрул е поразен само со два гола, затоа што во завршницата „редсите“ пропуштија две стоотстотни шанси за постигнување погодок. Прво остриот шут на Кајт го одбрани Чех, а подоцна Макси Родригез откако изби сам пред него наместо веднаш да поентира се обиде да изведе атрактивна завршница во што беше спречен. Притоа поголемиот дел од домашните навивачи и играчи сметаа дека Чех го фаулираал напаѓачот на „редсите“, но авторитетниот Хаурд Веб не беше убеден во тоа. Вредно е да се спомене дека Карло Анчелоти својот голгетер Дидие Дрогба го стави во игра дури во вториот дел од мечот, но тоа не придонесе нешто квалитативно да се смени во нападот на лондонците. Мината година Ливерпул во двата првенствени меча беше совладан од Челзи со 2:0. Ова е трета победа во низа на Ливерпул, две во првенството и една во Лигата на Европа, со што назначува дека дефинитивно излегува од големата кризата која траеше последните години а кулминираше на почетокот од сезонава. Манчестер сити на гостувањето кај Вест бромвич албион ги потврди своите високи амбиции годинава. ВБА по 11 месеци првпат капитулираше во првенствен меч на свој терен, а виновник за тоа беше засилувањето на манчестерските „граѓани“ од европскиот шампион Интер, Марио Балотели. Првиот гол Балотели го постигна во 20. минута по комбинацијата со капитенот Карлос Тевез кој се врати во тимот по паузата заради повредата, а вториот го постигна шест минути подоцна откако беше пронајден со добар центаршут од Давид Силва. Балотели ги постигна своите први голови за Манчестер сити, но ова беше само трет натпревар за 20-годишниот италијански интернационалец во синиот дрес. Тој инаку имаше подолг период на закрепнување по операцијата на коленото. Но Балотели и во новата средина не го смени својот карактер и нескротлив темперамент па во 63. минута откако грубо го фаулираше Јусуф Мулубу го заработи вториот жолт картон и исклучувањето. Првиот жолт картон инаку го доби само три минути претходно. Чели останува на врвот на табелата со 25 бодови, втор е Манчестер јунајтед со 23, а Арсенал и Манечстер сити имаат по 20 бодови, а петти е повратникот Њукасл со 17 бодови, од кои последните три ги освои совладувајќи го во ова коло Арсенал на неговиот „Емирати“. По поразот во Лигата на шампионите од аутсадерот Шахтјор, лондонските „топчии“ доживеаја уште еден пораз во меч во кој важеа за апсолутен фаворит. Погодокот кој ја донесе сензацијата на стадионот „Емирати“ го постигна Енди Карол во 45. минута, по грешката на голманот Фабиански. Арсенал доживеа уште една непријатност, бидејќи во судиското продолжение беше исклучен и Лорент Косчиелни. Во саботата, пак, Парк Ји-Сунг постигна извонредни два погодока од кои вториот во третата минута од судиското продолжение со што на Манчестер Јунајтед му донесе победа над Вилверхемтон. Јунајтед беше на прагот непријатно да биде изненаден пред своите навивачи од фенерџијата Вулверхемптон волвс. Сепак јужнокорејскиот репрезентативец од средината на теренот Парк Ји-Сунг не го дозволи изненадувањето со двата погодока, и двата во судиското продолжение на крајот од двете полувремиња, во 45. минута и во 90+3. минута, откако во меѓувреме изедначи за гостите Силвејн Ибенкс-Блеј во 66. минута со одличен шут. На овој меч, за „црвените ѓаволи“ во игра влезе Овен Харгрејвс по неговото дури двегодишно отсуство од фудбалските терени. Поранешниот играч на Баерн Минхен, по санирањето на повредата сега се соочува со психолошкиот предизвик од настапи во врвниот фудбал. Тој од септември 2008 г. има одиграна само една минута во тимот на Манчестер јунајтед. Харгрејвс беше заменет уште во 10 минута од Бебе иако неговата игра беше иста како и на целиот тим, но сепак ја имаше најдобрата шанса во првиот дел за „црвените ѓаволи“ кога неговиот остар шут кон противничкиот гол беше изблокиран. И Бебе подоцна, во 74. минута беше заменет од Мачеда. Јунајтед влезе на овој натпревар со повеќето играчи кои беа зафатени од настинката, вклучувајќи ги и Немања Видиќ, Патрис Евра и Пол Сколс, кои се разболеа на патувањето од во Турција на мечот од Лигата на шампионите, за што сер Алекс Фергусон и пред натпреварот најави дека не очекува стоотстотно залагање на своите играчи. Тие многу тешко се справуваа со одбраната на „волвсите“, а најгоелми проблеми им задаваше Мет Џарвис, како што тоа го стори и против Манчестер сити минатата недела. Гостите инаку беа блиску до отворање на резултатот кога шутот на Ненад Милијаш заврши во телото на еден играч од одбраната на Манечстер јунајтед. А пет минути подоцна и Стивен Хант не успеа во двојното проигрување со Џервис. Така водството на Јунајтед дојде како изненадување, бидејќи дотогаш неговите играчи не може да направат повеќе од неколку проигрувања во нападот.. Но во преден план на овој меч излезе огромното натпреварувачко искуство на домашните играчи, особено кога Дарен Флечер од левата страна нафрли една прецизна и употреблива топка, која го пронајде Парк зад одбраната на гостите во шеснаесетникот кој го матираше гостионскиот голман Маркус Ханеман. Кога се очекуваше дека Јунајтед го проби мразот и дека во вториот дел ќе одигра рутински за сигурна победа, гостинскиот менаџер Мик Мекарти во игра го внесе поранешниот млад играч на Манчестер, Ибенкс-Блејк кој го донесе изеднаувањето.По ова играчите на Манчестер кои се надеваат дека сезонава некако ќе се доберат до титулата, тргнаа во потрага по другите два бода, бидејќи губењето на бодовите на вакви мечеви против аутсајдерите значи и големо намалување на шансите а врвот на табелата. Но за среќа денеска го имаа Парк кого очигледно вирусот го одмина и во последните моменти од мечот успеа да спаси три бода кои уште пред почетокот на првенството беа впишани на контото на „црвените ѓаволи“.Претходно во саботата Болтон и Тотенхем во првиот меч од 11-то коло на англиската фудбалска лига одиграа многу интересно второ полувреме во кој на крајот домаќините славеа со 4:2. Јунак на домаќините беше Кевин Дејвис со погодоците во 31., 76. од пенал и во 90+4. минута, и Гретан Стеинсон во 56. минута, додека а „спарсите“ надеждта ја подгреаја Хатон во 79. и Пављученко во 87. минута.Во сабота Блекбурн роверс на својот „Идвуд парк“ со 2:1 го совлада Виган атлетик. Головите ги постигнаа за домаќините Педерсон во 58. и Робертс во 68. минута, додека за гостите намали Нзогбиа во 74. минута. Сандерлен го совлада дома Сток сити со 2:0 со головите на А.Гиан во 9. и 86.минута, а Фулам и Астон вила ги поделија бодовите, откако гостите поведоа во 42. минута со голот на Олбрајтон а домашните изедначија дури во петтата минута од судиското продолжување преку Хангеланд. Евертон во низа успеава и натаму да остане непоразен. На гости кај Блекупул одигра 2:2 двапати брзо анулирајќи го водството на домашните. Стрелци за домашните беа Иардли во 10. и Воган во 48. минута, а за Евертон изедначува Кејхил во 13. и Колеман во 50. минута.И Бирмингем и Вест хем јунајтед одиграа 2:2, но во овој натпревар домашните успеаја да го стигнат убедливото водство на гостите. Вест хем поведе со 2:0 преку Пикуен во 48. и Бехрами во 58. минута, а Бирмингем изендачи преку Џером во 64. и Ридџгвел во 73. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

