Спорт
Ел мадрилено за „кралевите“
Реал во мадридското дерби забележа уште една победа против градксиот ривал Атлетико, додека на другиот крај од шпанската престолнина лутиот ривал Барсселона го одржа чекорот совладувајќи го со 3:1 Хетафе во неделните вечерни натрпевари од Ла Лига
Изминаа 4.026 денови или 11 години откако на 30-ти октомври 1999 г. мадридски Атлетико го совладал Реал во градското дерби, со 3:1. Но тогаш за мадридските црвено-бели фудбалери кои оставија големи траги во шпнаскиот и евроспкиот фудбал – Молина, Гаспар, Гамара, Шамот, Капдевиља, Агилера, Бејбл, Бараха, Солари, Хосе Мари и Хаселбанк. Тогаш стречлци беа Хаслебанк со два гоал и Хосе Мари, а за Реал стрелец беше Мориентес. Во недела навечер, оваа импозантна серија на „кралевите“ беше дополнително продолжена.На својот „Антјаго Бернабеу“ годинава моќниот Реал уште еднаш потврди дека е далеку подобар од својот градски ривал, победувајќи со 2:0. Победата беше остварена во првите 20 минути , откако во 13. минута една одбиена топка од одбраната на Атлетико беше свртена кон Рикардо Карваљо кој пласираше крај противиничкиот гол, и во 19. минута кога одбраната на Атлетико смотано реагираше на убаво изведениот слободен удар од левата страна од турскиот репрезентативец Месут Озил.Екипата на Жозе Мурињо севкупно беше подобра, иако и условно речено гостите имаа свои шанси, особено во вториот дел кога беа и пдобриот противник. Притоа, се чини дека во првото полувреме беа оштетени, откако не беше досуден пенал за Атлетик кога топката на патот кон мрежата на Икер Касиљас погоди негов соиграч во раката.Победата на Реал инаку беше навестена уште во 7. минута кога Кедира по прецизните проигрувања во противничкиот шеснаесетник постигна погодок но беше поништен заради офсајд наместо во празната мрежа шутираше крај голот. Претходно Барселона со победата од 3:1 над Хетафе два часа престојуваше на врвот од Примера. Погодоците за Барса ги постигнаа Лиоенл Меси во 23. , Давид Виља 35. и Педро 65. минута, а Ману дел мора во70. Минута од пенал го постигна почесниот погодок за домаќините. Во мечот во кој победникот беше однапред познат, каталонците заради црвен картон добиен во 69. минута го заубија за следните два меча Жерар Пике, а кај Хетафе во 80. минута беше исклучен Дерек Боатенг. Во другите неделни мечеви од шпанксиот фудбалски шампионат Алмериа и Спортинг одиграа 1:1, со головите на Корона во 15. и Ново во 73. минута. Депортиво Ла Коруња во гости со 2:1 го совлада Леванте, со головите на рики во 10. и Аутами во 52. минута а домаќините го ублажија поразот со голот на Хуанлу во 72. минута. Осасуна го декласираше Херкулес со 3:0 со головите на Монреал во 40., Лоло 55, Вадошч 90+2.Виљареал високо го попрази Атлетик Билбао со 4:1 со головите на Нилмар во 39., Казорла во 44, Роси во 84. и Монтеро во 90+2. минута, иако гостите преку Љоренте поведоа уште во 6. минута од мечот.Сарагоса и Мајорка одиграа трилер натрпевар кој заврши со домашната победа од 3:2 в о кој домаќините дојдоа до победата во последните десет минути од мечот. Гостите поведоа со голот на Вебо во 19. минута, а домашните изедначија преку Лафита во 56., но Мајорка по само четири минути во 60. преку Переира повторно дојде во водство. Сарагоса изедначи во 84. минут апреку Бертоло а во четвртата минута од судиското надополнување Габи од пенал на домашните им ги донесе трите важни бода.Во саботата Екипите на Реал Сосиедад и Еспањол со минимални победи над опонентите го отворија 10. коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Реал Сосиедад на „Аноета“ стадионот ја победи екипата на Расинг Сантандер со 1:0. Победничкиот гол го постигна Љоренте уште во седмата минута од натпреварот. Со третата победа во низа, екипата од Сан Себастијан се искачи на петтото место на табелата. По победата над Малага, Еспањол се искачи на една позиција погоре од Реал Сосиедад. Голот на Маркез во 60 секунда беше доволен за Еспањол да ја забележи петтата последовна победа на домашен терен.Ова коло во Шпанија ќе биде комплетирано денес и утре, вечерва во центарот на вниманието ќе биде градската пресмета во Мадрид меѓу Реал и Атлетико.Во недела играат уште Сарагоса-Мајорка, Виљареал-Атлетик Билбао, Алмерија-Спортинг Хихон, Осасуна-Херкулес, Леванте-Депортиво Ла Коруња и Хетафе-Барселона.По 10-то коло во Ла Лига Реал води со 26 бодови, Барселона го следи со бод помалку, а Виљареал е трет со 23 бодови, додека четвртиот Еспањол има 18 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

