Спорт
Тотенхем ремизираше со Сандерленд

Екипата на Тотенхем не успеа да фати приклучок со водечките екипи на табелата во Премиер лигата. На домашен терен „Спарси“ на отворањето на 12. коло одиграа 1:1 со Сандерленд.
Рафаел ван дер Варт му донесе предност на Тотенхем во 65 минута, две минути подоцна израмни Асамоа Гијан. По 12 рунди во шампионатот, Тотенхем се наоѓа на шестото место со 16 бодови колку што има и Сандерленд.
Исклучително интересен натпревар одиграа Стоук и Бирмингем, домаќините победија со 3:2 со головите на Хут, Фулер и Вајтхед. Останатите натпревар од 12. коло во Премиер лигата ќе се одиграат вечерва, дербито е во Манчестер помеѓу локалните ривали Сити и Јунајтед.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен Бразил“ и други локални медиуми објавија дека претседателот на четвртолигашот Палмас и четири фудбалери загинаа во авионска несреќа.
„Палмас ФР потврдува дека во 8.15 часот наутро на 24 септември имаше авионска несреќа во која беше претседателот на клубот Лукас Меира во летот за Гојана а мечот помеѓу Вила Нова на 25 февруари. Авионот во кој беше и пилотот Вагнер и фудбалерите Лукас Прашедес, Гијерме Ное, Рануле и Маркус Молинари се сруши при полетувањето на аеродромот Токантинс. Нема преживеани. Клубот бара молитви за семејствата на починатите“, се вели во објавата на клубот.
A família Palmas FR está de luto pela perda inestimável do presidente Lucas Meira, dos atletas Guilherme Noé, Lucas Praxedes , Marcus Molinares Reis, Ranule Gomes e do comandante Wagner. Agradecemos as manifestações de apoio e carinho nesse momento de dor. pic.twitter.com/Lnakg8OC41
— Palmas Futebol (@PalmasFutebol) January 24, 2021
Спорт
Јохансон до победа во Лахти, Гранеруд падна при поставувањето на рекордот на скокалницата

Норвешкиот ветеран Роберт Јохансон триумфираше на натпреварувањата во Ски скокови во финскиот Лахти собирајќи 265.9 поени со скоковите од 128.5 и 126.5 метри, победувајќи го Германецот Маркус Ајзенбихлер за 1.7 поени, додека трет беше уште еден германец Карл Гајгер со 264 поени.
Сепак, приказната на денот е младиот сонародник на Јохансон и лидер во генерален пласман, Халвор Гранеруд. Тој беше убедливо прв по првата серија со скок од 132.5 метри и ќе победеше и со потпросечен скок, но тој се обиде да стигне до рекордот на скокалницата и стигна до 137.5 метри, но падна при доскокот. На крајот тој заврши како четврти.
Гранеруд е убедливо прв во генерален пласман со 1.006 поени пред Ајзенбихлер (796) и победникот на „4 скокалници“, Полјакот Камил Стох (661).
#WinningJump: Robert Johansson / #Lahti#skijumping #FISskijumping #lahtiskigames pic.twitter.com/pl9wW2eg4a
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) January 24, 2021
Спорт
Барса предводена од Де Јонг сврза четири победи во низа

Барселона стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Елче, за нивна четврта победа во низа во шпанската Ла лига, за да се вратат на третото место на табелата.
Човек на одлука беше Холанѓанецот Френки де Јонг во 39. минута од мечот, кога во последна секунда спречи автогол на Диего Гонзалез сместувајќи ја топката во мрежата во последните сантиметри пред голот. Ова е петти гол на Де Јонг оваа сезона, со што ја помина бројката од 4 гола постигнати во пет сезони со Ајакс. Де Јонг ја продолжи одличната форма со асистенција на Рики Пуиг во 90-тата минута за потврда на триумфот.
Со победата, Барса се врати на третото место на табелата со 37 поени, три помалку од Реал Мадрид на второто место, и далечни седум зад лидерот Атлетико Мадрид, кои вечерва играат со Валенсија.
ЛА ЛИГА, 20.КОЛО
Осасуна – Гранада 3:1
Елче – Барселона 0:2
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот