Спорт
Дрогба заболе од маларија

Тренерот на Челзи Карло Анчелоти објави дека кај напаѓачот Дидие Дрогба е дијагностицирана маларија. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се жалеше на треска пред мечот против Ливерпул во неделата. Дрогба влезе во игра во второто полувреме, а Челзи загуби со 2:0. Вчера на Дрогба му е направен тест на крвта и е констатирана маларија, а Анчелоти не може да си објасни од каде овој фудбалер се заразил. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брајтон победија во Лидс, Алиоски играше 66.минути

Фудбалерите на Брајтон и Вест Хем забележаа минимални победи во натпреварите од 19.коло во Премиер лигата. Брајтон победи во Лидс, а Вест Хем го совладаа Барнли.
Брајтон одиграа одлично прво полувреме во Лидс, создадоа две добри шанси за гол, искористија една. Голот за победа го постигна Мапеј во 19.минута, напаѓачот на Брајтон ја заврши одличната тимска акција.
Пет минути подоцна Тросар ја погоди гредата од голот кој го бранеше Кико Касиља.
Македонскиот репрезентативец Алиоски на овој меч играше до 66.минута.
Еден гол го реши и дуелот во Лондон, помеѓу Вест Хем и Барнли. Стрелец на голот беше повратникот во тимот на Вест Хем, Антонио во деветтата минута.
Спорт
Ројс промаши пенал, Мајнц освоија бод во Дортмунд

Само Вердер успеа да забележи победа во првите пет натпревари што се одиграа попладнево во рамките на 16.коло, во Бундеслигата.
Вердер го победија Аугсбург со 2:0, со головите што ги постигнаа во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол го постигна Гебре Селасие во 84., а конечниот резултат во 87.минута го постави Агу.
Во дербито, Волфсбург и Лајпциг одиграа 2:2. Лајпциг беа подобриот тим на теренот, но не успеаја да победат. Водеа гостите од петтата минута со голот на Мукиеле, а до крајот на првиот дел Волфсбург направија пресврт со головите Вегхорст и Штефен. Конечниот резултат го постави Орбан во 54.минута.
Борусија, во Дортмунд, доживеа уште едно непријатно изненадување. Давеникот Мајнц освои еден бод, откако водеше со голот на Озтунали во 57.минута. Бод за Дортмунд донесе Мение во 73.минута. Три минути подоцна Марко Ројс не реализира пенал.
Без голови завршија натпреварите Келн-Херта и Хофенхајм-Арминија.
Спорт
Зеленортските острови немаат доволно играчи – Германија извојува службена победа

Дебитантот на големите натпреварувања, ракометната репрезентација на Зеленортските острови, службено го загубија натпреварот што требаа да го одиграат утре против Германија.
Зеленорстките острови немаат доволен број ракометари за да излезат на теренот против фаворитот. Според правилникот на ИХФ, за да може една репрезентацијата да одигра натпревар, во составот треба да има десет играчи и еден голман.
На последното тестирање, двајца играчи на Зеленортските острови биле позитивни на вирусот Ковид-19, поради што останаа со девет играчи и голман.
Оваа репрезентација имаше големи проблеми и пред доаѓањето во Египет. Тие беа во карантин во Португалија, а поради позитивните тестови на СП не допатуваа петмина играчи.
Германија дуелот го доби со службен резултат 10:0.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира