Спорт
Баерн протестира, Ван Марвијк не се секира

Селекторот на Холандија Берт Ван Марвијк ги повика Марк Ван Бомел од Баерн и Робин Ван Перси од Арсенал за пријателскиот меч против Турција идната недела. Овие двајца фудбалери само што се опоравија од повредите.Раководството на Баерн негодува и протестираше во фудбалската федерација на Холандија. Ван Бомел и Ариен Робен претходно се повредија играјки за репрезентацијата па овој клуб не можеше да смета на нив.Берт Ван Марвијк не го загрижуваат протестите на Баварците. „Играчите ги излечиле повредите и се подготвени да настапуваат за своите клубови па според тоа можат да ги извршуваат и обврските кон репрезентацијата“ изјави Ван Марвијк . крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лампард до крајот на денот ќе добие отказ?

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, во текот на денот ќе добие отказ, тврдат англиските медиуми. „Телеграф“, објави дека клупските челници му порачале денес да не доаѓа во тренинг центарот.
Челниците на Челси биле разочарани од резултатите на тимот под водство на Лампард, а од отказ нема да го спаси ниту победата над Лутон (3:1), во четвртата рунда, во ФА купот.
Медиумите во Англија, пишуваат дека на клупата на Челси бо можеле да седнат Томас Тухел или Масимилијано Алегри.
Поголеми шанси, наводно има Тухел, бидејќи во тимот на Челси од оваа сезона има тројца германски репрезентативци (Антонио Ридогер, Тимо Вернер и Каи Хаверц).
Лампард стана тренер на Челси во 2019 година. Минатата сезона вон сите прогнози успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Во летниот преоден рок, Челси, вложија 250 милиони евра во засилувања, но по 19 рунди во Премиер лигата, тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.
Спорт
Мукаетов ќе биде реизбран за претседател на РФМ

Актуелното раководство на РФМ предводено од Живко Мукаетов ќе продолжи да го води ракометот и во следните четири години. Сите делегати и здруженија се едногласни по тоа прашање и ќе биде официјализирано следната недела.
Редовното изборно Собрание на РФМ ќе се одржи на 31 јануари во Скопје. Единствен кандидат за претседател на РФМ ќе биде актуелниот, Живко Мукаетов.
Сите клубови дадоа поддршка за Живко Мукаетов да остане на чело на федерацијата и во следните четири години. Поддршката е посмена, заверена со потпис и клупски печат. Според регулативите, еден клуб не може да даде поддршка за два кандидата, следствено на тоа друг кандидат за претседател нема да има, а изборот ќе биде едногласен.
Собранието ќе се одржи на 31 јануари во „Александар Палас“ со многу строги мерки за заштита од Ковид-19. Делегатите што ќе учествуваат на собранието, а и сите што ќе бидат дел од настанот ќе бидат тестирани со брзи тестови и ќе мора да почитуваат уште низа мерки.
Спорт
Луис Суарез за Атлетико е она што Роналдо беше за Реал

Луис Суарез продолжи одигра уште еден брилијантен меч за Атлетико Мадрид. Уругавецот, синоќа на својот 34 роденден постигна гол, во победата над Валенсија 3:1.
Од почетокот на сезоната Суарез, одиграл 15 натпревари, на кои постигнал 12 гола во Ла Лига.
Уругваецот има најдобар почеток на сезоната во новиот клуб, во последните 10 години. Во 2010 година, Крстијано Роналдо, за Реал Мадрид, на првите 15 натпревари постигна 13 голови.
За потсетување, пред стартот на новата сезона, тренерот на Барселона Роналд Куман, му порача дека не му е потребен, а Суарез бесплатно се пресели во Атлетико.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот