Спорт
Игуан го сочува реномето на Реал
Реал е повторно на врвот од Ла Лига со 29 бодови пред Барселона со 28, откако во Хихон и покрај бледа игра, по пехот на домашниот голман да испеа да оствари минимална победа од 1:0 против Спортинг
Гостувањето на „кралевите“ во Хихон се покажа како едно од најтешките во досегашниот тек од сезоната. Аргентинскиот напаѓач во 82. минута од самата гол линија успеа да го совлада домашниот голман Хуан Пабло кој невнимателно ја одби топката до Гонзало Игуаин откако Карим Бензема шутираше во него со глава по центаршутот од десната страна што го упати Хуан Рамос.Колку Реал беше во неделата навечер далеку од својата препознатлива игра оваа сезона, сведочи и тоа што веќе во следната минута по неговото водство им дозволи на домаќините да создадат голема шанса да изедначат. Но за среќа по нив, на голот го имаат Икер Касољас кој неколкупати во текот на мечот имаше интервенции со кои спречи вкупно три сигурни гола на 17-от Спортинг. Инаку ова беше првиот меч на кој Жозе Мурињо заради црвениот картон што го доби во Копа дел Реи беше казнет со два меча отсуство од клупата на својот тим. Целиот меч протече во тензична атмосфера за што придонесе и бледото издание на мадриѓаните што ги подгреа надежите на домашните дека мора да ја искористат шансата и да го совладаат нерасположениот кралски клуб. Таквите очекувања на крајот предизвикаа и нервоза кај играчите на Спортинг па при крајот на мечот Кристијано Роналдо го искористи тоа наседнувајќи го Ботиа да заработи црвен картон. Петоплсираната Севиља исто така имаше лош ден и буквално во последните секунди ја совлада домашна Сарагоса која е на дното од табелата со само една победа, и тоа на гостински терен. Гостите од Севиља дојдоа во водството со голот на Луиш Фабијано во 29. минута а домашните изедначија во 53. минута преку Бертоло, победата на Севиља и’ ја донесе Неградо во 90.минута. Во последниот меч од 11-то коло Валенсија го совлада Хетафе со 2:0, со головите на Тино во 8. и Наваро во 63. минута и со овие три бода се проби на четвртата позиција, благодарејќи на подобрата гол-разлика, инаку со Севиља и двете екипи имаат по 20 бодови. . Херкулес со пресврт успеа на домашен терен да го совлада Реал Сосиедад кој поведе во 16. минута со погодокот на Гриезман. Ветеранот Давид Трезеге кој летово го напушти Јувентус една година пред истекот на договорот и без надомест дојде во малиот сиромашен Херкулес, го постигна својот петти првенствен гол во 47. минута а пет минути подоцна Дренте ги доведе домаќините во водство од 2:1 што беше и конечен резултат. Со оваа победа Херкуелс се искачи на 13. место со 12 освоени бодови. Дуелите Мајорка – Депортиво и Расинг Сантандер – Еспањол завршија без победник и без голови.Малага во борбата на клубовите кои се надеваат на опстанок во Примера го совлада Леванте со голот на Елисеу во 64. минута. Малага сега има 10 бодови и е 16-та а Леванте остана со осум бодови и падна на 19-та претпоследна позиција..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

