Спорт
Ибрахимовиќ го реши миланското дерби

Големото градско дерби меѓу минатогодшниот шампион Интер и овосезонскиот лидер Милан им припадна на „росонерите“ минимално со 1:0
Единствениот гол го постигна поранешниот играч на Интер, Златан Ибрахимовиќ кој по едногодишниот престој во Барселона се врати во Милано но во дресот на најлутиот противник. Шведскиот интернационалец од Матераци беше соборен во 5. минута во шеснаесетниот на Интер и самиот го претвори во водство и победа за својот тим. Пред крајот на мечот проследивме уште еден груб дуел но во сменети улоги за што Ибра го доби жолтиот картон, откако со ѓон стартуваше над Матераци. И ова 273-то миланско дерби донесе класичен италијански фудбал со нервозна игра и чести прекини и многу малку вистински шанси во која не можеше да се истакне и макеодснкиот репрезентативец Горан Пандев кој го одигра второто полувреме, Очигледно нервозаата која беше многу присутна кај сите играчи на теренот беше причината Пандев невообичаено за него нервозно да реагира на еден прекршок на Абате па и двајцата добија по жолт картон. Но за Абате ова беше втор што повлече негово исклучување. Тоа се случи во 60. минута, но на „нероаѕурите“ не им помогна и што половина час играа со играч повеќе, па не создадоа ниедна посериозна шанса да го загрозат голот на Абијати чии соиграчи на секој начин се трудеа да ја умртват играта. Но како и да е, целта ги оправдува средствата па Милан повторно дојде на врвот од табелата со 26 бодови, еден повеќе од вториот Лациоа и сега шест повеќе од Интер и Јувентус. Претходно во неделата Лацио на Олимпико сигурно го совлада Наполи со 2:0, со головите на Мауро Зарате во 15. и на Серџо Флокари во 56/ минута. Аргентинецот Зарате постигна убав гол со левата нога откосо гаѓајќи го спротивниот долен агол од голот на наполитанците, откако претходно беше одлично проигран од Стефано Маури. Зарате учестуваше и при постигнувањето на голот на Флокари со кој практично „бјанкочелестите“ ја обезбедија победата. Со оваа Лацио нанижа веќе осум победи во 12-тегола од годинешново италијанско првенство и заслужено се наоѓа во самиот врв од Серија А. Еден од позабележителните настапи во 12-то коло од Серија А го имаше аргентинскиот репрезентативец 21-годишниот Хавиер Пасторе за Палермо кој постигна хет-трик во сицилијанското дерби против Катанија и вкупно има постигнато седум првенствени голови сезонава со што се искачи на третото место од листата на стрелците. Палермо победи со 3:1, со головите на Пасторе во 34., 47. и 85 . минута, а Катанија само успеа на кусо во 46. минута од мечот да изедначи преку Терлици. Хет-трик во неделата постигна и ветеранот на италијанското калчо, Антонио Динатале, во победата на Удинезе над Лече од 4:0. Динатале со головите во 11., 24. и 40. минута донесе сигуран предност на полувремето за домаќините, а во 56. минута Флорес само ја потврди супериорноста на Удинезе. Каљари на домашен терен беше поразен од Џенова со голот на Раночиа во 83. минута, а истото му се случи и на фенерџијата Бари кој беше дома поразен од Парма со голот на Кандрева во 34. минута. Болоња минимално на домашен терен ја победи Бреша со голот на Марко Диваијо во 58. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO