Спорт
Мат Бонер со седум од седум во удари за тројка
Сан Антонио ја оствари седмата последователна победа откако на гости ја совлада Оклахома Сити Тандер. Мат Бонер забележа 21 поен погодувајќи ги сите седум удари за тројка, и му недостасуваше уште еден удар да го израмни рекордот на клубот кој го држи Стив Смит со осум од осум. Во победничкиот тим на Спарси, пак најефикасен беше Тони Паркер со 24 поени. За Оклахома Кевин Дурант постигна 23 поени, што е најслаб негов учинок оваа сезона, а сепак е најефикасен во својот тим. Во Лос Анџелес Лејкерси загубија од Феникс Санс со 116:121 што е нивни прв пораз пред своите гледачи. Кошаркарите на Феникс постигнаа 22 тројки од 40 удари и само за една тројка не го израмнија рекордот на НБА кој го постави Орландо на мечот против Сакраменто пред две години со 23 тројки. Во победничкиот тим најефикасни беа Џејсон Ричардсон (35 п. 8 ск.), Стив Неш (21 п. 13 ас.) и Ченинг Фрај (20 п. 6 ск.). За Лејкерси По Гасол повторно беше одличен (28 п. 817 ск.) а повеќе од 20 кошеви постигнаа и Коби Брајант (25 п. 9 ск) и Ламар Одом (22 п. 11 ск.). Во останатите мечеви се постигнати следните резултати:Атланта Хоукс – Минесота Тимбервулфс со 111:105 (Ал Хорфорд 28 п. 10 ск. / Мајкл Бисли 25 п., Кевин Лав 22 п. 12 ск.).Сакраменто Кингс – Детроит Пистионс 94:100 (Тајреке Евенас 20 п., Карл Лендри 19 п. 8 ск. / Родни Стаки 17 п. Бен Гордон 16 п.)Њујорк Никс – Хјустон Рокитс 96:104 (Амаре Стадемаер 25 п. Вилсон Чендлер 17 п. 7 ск. / Кевин Мартин 28 п., Луис Скола 24 п. 8 ск. 5 ас). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

